Дома / Вицови (страна 207)

Вицови

Кампери

Двајца кампери се шетаат по планина кога пред нив излегува мечка и почнува да ги брка. Почнуваат да бегаат двајцата како муви без глави и во еден момент едниот од нив застанува, вади патики од ранецот и почнува да ги облекува. На другиот не му се верува што гледа па почнува да вика:
– Што правиш бе будало, зошто облакаш патики кога неможеш да ја наттрчаш мечката????
– Не морам јас мечката да ја наттрчам, доволно е да те наттрчам тебе.

Болка

Оди дете кај мајка си цело расплакано и се жали:
– Мамо ма, бебето ме искуба!
– Ништо сине, малечко е уште, не знае што е болка.
Поминува некое време и бебето рикнало да плаче на цел глас. Отишла мајката во соба да види што е, а синот излегува и и вика:
– Е сега знае.

Подарок

Маж ѝ купил на својата жена дијамантски прстен за Нова Година. Негов пријател разбрал за гестот и го прашува:
– Добро, нели таа сакаше од оние спортските џипови?
– Да, сакаше. Но, ајде кажи ми каде можев да најдам лажен џип?

Молење

Трпе ја испраќа Трпана кај роднините во Германија. Авионот полетал и Трпе почнал да се моли:
– Боже, те молам земи ја, сега ти е најблиску.

Шишенце

Докторот му вели на Трпе дека мора да му направи спермограм, му дал едно шишенце и му рекол да го наполни и да го донесе другиот ден.
Доаѓа Трпе другиот ден со празно шишенце, и докторот му вика:
– Па зар не ти реков да го наполниш?
– Пробав докторе, прво со левата рака, па со десната и не бива. Потоа ја викнав жена ми, и таа почна прво со левата рака, па со десната, па потоа проба со уста и пак не бива. Па ја викнавме и комшивката, и таа проба се, и ти велам докторе дека нема теоретски шанси да го отвориме ова шишенце.

Затвореник

Затвореник конечно бега од затвор по цели 15 години одлежани во него. Уште првиот ден влегува во куќа за да краде пари и оружје.
Во спалната начекува брачен пар во кревет. Го заврзува мажот за столче, а девојката за креветот. Потоа се качува вр девојката и ја бакнува по вратот и оди во бањата. Потоа мажот и вели на жената:
– Слушај жено. Овој човек е многу опасен погледни му ги алиштата со години бил во затвор. Го видов како те бакнува сигурно не осетил жена долго време. Прави како што ќе ти каже и ако бара секс не се противречи оти ќе не убие. Издржи душо, те сакам!
Жената му рекла:
– Извини ама не ме бакнуваше. туку ми шепнуваше на увото. Ми рече дека е геј и дека си му изгледал слатко. Ми побара вазелин и му кажав дека е во бањата. Па ти не се противречи и прави што ќе ти каже! Издржи душо, те сакам.

Викиликс

Стига честитка на некое дете:
-Дедо мраз не постои, родителите ти ги купуваат поклоните!
Поздрав од Жулиан Асанж – ВикиЛикс.

Стакло

Што е тоа што луѓето го измислиле за да гледаат ситни нешта?
– Микроскоп.
Што е тоа што луѓето го измислиле за да ги гледаат ѕвездите?
– Телескоп.
А што е тоа што Кинезите го измислиле за да гледаат низ ѕид?
– Стакло.

Дијамант

Зошто плавуша става мајонез околу вратот?
– Затоа што на мајонезот пишува дијамант.

Единица

Наставникот го прашува ученикот:
– Кога ќе го поправаш кецот?
– Ако не оваа година, наредната сигурно.

Луле

Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до еден мирен кој си седи под едно дрво. Прашува главниот од комисијата: добро, што се замислува оној под дрвото?
Управителот на болницата рекол, оди, прашај го. Оди овој, го прашува:
– Добро, што се замислуваш ти?
Лудакот му одговорил:
– Е па, знаеш јас сум луле!
– Како бе луле?
– Е па, стави ми тутун на главата и повлечи доле.

Брак

Бракот е исто како да одиш со пријатели во ресторан – прво си земаш тоа што сакаш, а после сакаш да пробаш од туѓото!