Дома / Вицови (страна 208)

Вицови

Нови патики

Му купиле на малиот Трпе патики.Тој почнал да им се радува. Но првите денови тој не ги вадел од кутијата.
-Абе Трпе, зошто не ги носиш новите патики што ти ги купивме пред 2 дена?
– Мамо, па продавачката рече дека првите 2-3 дена можат да ми направат плускавици, па затоа решив да ги носам по 2-3 дена!

Мазохист

Читајќи ги Божјите закони..
“Љуби го ближниот свој како што се љубиш себеси” – рече мазохистот и ја уби мајка му.

Години

Разговараат две жени.
– Ти уствари колку години имаше?
– 25!
– Е ај не ме заебавај, лани ми кажа исто дека имаш 25!
– Е јас не сум од оние кои еднаш велат едно, после друго!

U2

Мујо и Хасо отишле на концерт на U2. Мујо по долго чекање му вели на Хасо
-Хасо бре, па кога ке почнат вие па, се начеках.
-А бре Мујо Мујо, нели гледиш со колкави букви е напишано У 2.

Грда

Разговараат две плавуши.
– Денес нешто грда си ми.
– А бе не знам што ми е денес!

Формацевт

Се среќаваат двајца пријатели по долго време и се прашуваат:
– Ти, што правиш во животот?
– Јас сум формацевт.
– Аха, во аптека работиш?
– Не бе, форматирам дискови.

Разговор

Зборуваат две плавуши по телефон и едната и вика на другата:
– Знаеш дека за да се сплете еден џемпер потребни се три овци?
– Еј, незнаев дека овците можат да плетат.

Париз

Се вратил Хасо од Париз и Мујо го прашува како си поминал:
– Супер, никогаш подобро, треба и ти да одиш, многу е добро ќе видиш има се и сешто.
– А како го совлада јазикот?
– Абе лесно е, пред секоја реченица само ќе додадеш ЛА.
По извесно време Мујо отишол во Париз, се шетал, се шетал и отишол во ресторан да јаде:
– Дајте ми една Ла Супа, и Ла Кока кола.
Келнерот му носи супа и кока кола и му вика:
– Ти би изел Ла Гомна, да не бев Македонец и да не знаев македонски.

Влатко Стефановски

Влага Влатко Стефановски во бурекџилница и вика:
– Дај ми седум осмини.
Продавачот се извадил од ТАКТ и му дал пита со месо.