Дома / Вицови (страна 211)

Вицови

Мамење

Разговараат две пријателки:
– Знаеш ли, сосетке дека мажот ти те мами?
– Знам, знам. Знам и со кого, само не знам со што!

Разлика

Се вратил еден ден малиот Трпе од школо со порака од учителката до мајка му. На ливчето пишувало: “Ве молам, научете го Трпе која е разликата меѓу машко и женско”.
Трпана го однела во соба и му рекла:
– Трпе соблечи ја мојата блуза.
– Ај сега соблечи ја мојата сукња.
– Соблечи го и прслукот, и соблечи ги гаќичките.
– И уште еднаш да не сум те видела да носиш мои алишта во школо.

Машина за чистење

Трговец кој продавал машини за чистење влегол во некоја нова зграда, мислејќи дека станарите имаат пари, па ќе има голема продажба. Тропнал на првата врата и само што му отворила некоја жена, а тој веднаш фрлил една свежа лепешка на тепихот. Жената викнала:
– Што правиш бре будало?
– А госпоѓо воопшто не се секирајте. Продавам машини за чистење, одма ќе го исчистам ова. Ако не биде како ново за пола саат, како пица ќе ја изедам лепешкава.
– Е добро…. одам јас по кечап.
– Зошто бе госпоѓо, не ми верувате?
– Абе верувам јас, ама струја уште ни немаат пуштено.

Љубов

Љубовта неможе да се опише со 5000 зборови…. но може да се напише со 5 букви.

Чевли

Цветко продавал чевли и влегла некоја госпоѓа и почнала да ги пробува. Земала некои помали и почнала со сила да ја пика ногата. Мачејќи се така, прднала. И тогаш Цветко и рекол:
– Госпоѓо, не се секирајте, кога ќе ви ја кажам и цената, ќе се испосерете!

Ѕвезди

Трпана му вели на Трпе:
– Е Трпе, Трпе, ниту кога беме млади не ми симнуваше ѕвезди, ниту кога се земавме, ниту пак до ден денешен ми немаш симнато ѕвезда.
– Па што да правам ма Трпано кога по огласи за работа никој не бара астронаут.

Бебиситерка

Родителите на Трпе отишле надвор од градот за викендот па земале бебиситерка да го чува додека се вратат. Пред да си легне во кревет Трпе и рекол на бебиситерката:
– Мене ми е многу страв сам да спијам. Ве молам спијте со мене во кревет, ве молам!!!
Се сложила девојката и си легнале. Арно ама, утрото кога се разбудила наместо Трпе, нашла некој голем влакнест маж до неа, па викнала:
– Трпе?? Каде е Трпе?!
– Трпе? Кој е Трпе, она детето што продава карти?

Жалење

– Трпе, зошто татко ти денес беше на училиште?
– Учителката го викна за да се жали од мене.
– И што стана?
– Е па ништо, учителката ми кажа сега да ја викнам мајка ми, за да се жали од татко ми!

Глад

Во авион со останатите патници се возел и еден мечок.
На пола пат ужасно огладнел и се упатил кон пилотската кабина.
– Сега ќе изедам еден од вас двајца – рекол мечокот.
И пилотот и копилотот се уплашиле и почнале да го убедуваат дека е ризично и дека доколку изеде еден од нив може сите да настрадаат. Затоа пилотот му предложил:
– Кога веќе си решил да изедеш некој од персоналот, изеди ја стјуардесата.
Послушал мечокот и се упатил кон стјуардесата.
Со неа разменил неколку збора, се замислил малку, а потоа си седнал на седиштето. Летот мирно продолжил.
Малку подоцна, решил пилотот да прошета низ авионот.
Го видел мечокот и го прашал:
– Нели беше многу гладен. Зошто не ја изеде стјуардесата?
– Е да, па после мене да ме “онадите”!

Гаќи

Трпана го пратила Трпе во продавница да и купи перлон гаќи. Влегува Трпе во продавница:
– Дајте ми, дајте ми…. некакви гаќи беа…. ај почекате ќе се вратам да прашам.
Се враќа после пола саат.
– Жена ми ми кажа да ви го пернам во гаќи.