Vicoteka.mk
18/11/2010
Еротски
14,592
Еден дечко на село постојано и барал на некоја убава девојка да му даде, арно ама оваа не сакала. И така тој секој ден цели три месеци барал, а таа го одбивала. Еден ден додека девојката ја молзела кравата дечкото се појавил пред неа, а таа не чекајќи ни збор од него му рекла:
– Џабе бараш, не ти давам!
– Абе не дојдов да ти барам. Само да ти кажам, утре одам за Австралија, а ти кога си таква, чукај си ја главата кога јас нема да бидам тука, а другарките твои ќе ти кажуваат колку добар сум бил во кревет.
– Еј, па ти каков си. Не ме оставаш ни кравата да ја домолзам.
Vicoteka.mk
18/11/2010
Образованиe
6,467
Наставникот по македонски го испрашува малиот Трпе:
– Трпе, ајде кажи ни една поучна народна поговорка.
– Без алат нема занает.
– Браво, ајде сега кажи ни уште една.
– На паметниот и еднаш му е доволно!
Vicoteka.mk
18/11/2010
Разно
651
Таткото го заспива својот син:
– Мирно спиј злато за ништо не грижи се, ако во текот на ноќта ти притреба што било, само викни го тато, па мама веднаш ќе дојде.
Vicoteka.mk
17/11/2010
Личности
653
Цветко бил на доктор и докторот му кажал:
– Цветко, мора да ја намалите ракијата.
Цветко го послушал и кога се вратил дома, 30те литри ракија ги намалил на 5 литри.
Vicoteka.mk
17/11/2010
Разно
4,637
Се фалеле Игорче, Стојанче и Трпе кој има побрз татко.
Игорче: Мојот татко е побрз од стрела. Кога ќе ја исфрли пред неа може да стигне.
Стојанче: Тоа не е ништо. Татко ми е ловџија. Трча побрзо од куршум.
Трпе: Абе видете сега. Татко ми работи во министерство. Работно време му е до 4 саат, а тој е дома во 2 и пол.
Vicoteka.mk
16/11/2010
Животни
3,853
Шетаат магарето и зајакот низ шумата и шетаат така едно 10 минути, 20 минути и ништо не се случува. Магарето му вика на зајакот:
-Абе зајко, у многу глуп виц сме се заглавиле ние двајца.
Vicoteka.mk
16/11/2010
Образованиe
11,856
Студент на ветерина полагал испит. На крај професорот му вика:
– Слушај колега, ова до сега не ти беше баш најдобро, ама ако дојдеш утре со одговор дали кравата може да има абортус, ти пишувам шестка.
Излегол студентот и по пат додека го мислел одговорот, сретнува пријател и го прашува.
– Абе може крава да има абортус?
– Ти пријателе ептен си заглавил овој пат.
Vicoteka.mk
16/11/2010
Еротски
5,372
Се враќа Трпе од работа целиот попален, ја носи Трпана во кревет и почнува да ја секса. А оваа гајле нема.
– Аман бе Трпано кој курац ти е денес!?
– Трети!
Vicoteka.mk
15/11/2010
Личности
2,121
Отишол Цветко кај некоја гатачка, да му ја каже судбината. Гатачката му ја земала дланката и почнала:
– Прво ќе ве заколат, па ќе ве одерат, па ќе ве испечат, па ќе ве изедат…
– Чекај, чекај, дај да си ги извадам ракавициве од свинска кожа.
Vicoteka.mk
15/11/2010
Црн хумор
2,067
– Драга, денеска си направила одлична вечера. Зошто не правиш вакво јадење секој ден?
– Епа драги, тоа е затоа што овие печурки се јадат само еднаш во животот.
Vicoteka.mk
14/11/2010
Разно
1,445
Мајката и раскажува на својата ќерка.
– Знаеш, јас на твои години си водев дневник.
– Да, знам, јас си водам картотека, посигурно е!
Vicoteka.mk
14/11/2010
Плавуши
8,297
И приоѓа еден фраер на плавуша.
– Здраво маче. Што праиш?
– Еве читам нешто интересно. Индијанците имале најдебели пениси, а Шпанците најдолги. А ти како се викаш?
– Џеронимо Рамирез!!!
Vicoteka.mk
13/11/2010
Образованиe
2,077
– Мамо, мамо, учителката денес ме праша дали имам браќа и сестри кои треба да почнат со училиште наскоро.
– Убаво од неа што прашала. Што ти кажа кога и одговори дека си единец.
– Имало господ!
Vicoteka.mk
13/11/2010
Разно
3,009
Одат на лекар една млада згодна девојка и нејзината стара баба:
– Ајде соблечете се, и вика докторот на девојката.
– Извинете, но ние дојдовме поради мене. – Рекла бабата.
– Добро тогаш, ајде отворете уста да ви го видам грлото.