Дома / Вицови (страна 213)

Вицови

Оглас за голф

Отишол Цветко да даде оглас:
Украден е Голф 6, со алуминиумски бандажи, Сони ЦД плеар и озвучување од 1000 вати. Следува награда.

Регистрацијата не е битна.

Половина

Две другарки разговараат:
– Моите ми забранија да водам љубов од половина надоле.
– И што правиш сега?
– Дупам на глава.

Ѕвезда

Мујо го прашува Хасо:
– Хасо, сакаш ли еден ден да станеш позната ѕвезда?
– Еј остави Мујо, кој ќе свети цела ноќ.

Светско првенство

Трпе оди на светско првенство во фудбал. Седиштето му е најгоре на стадионот, ама задоволен е што воопшто нашол карта. Седнува тој и почнува да разгледува наоколу со двоглед, и забележува човек на 5 реда од стадионот со празно место до него. Ова го полудело Трпе, па тој на полувреме оди и го прашува човекот зошто има празно место на толку добра локација.
– Со жена ми ги купивме картите многу одамна, ама за несреќа таа почина и местово е празно – одговара човекот.
– А зошто тогаш картата не ја дадовте на некој пријател или роднина.
– Сите се на погребот.

Ѕвезда

Ако сакаш да дознаеш какво е чувството да си ѕвезда, седни на врвот од новогодишната елка.

Лижавче

Главата ти е толку голема што кога те гледа човек од страна мисли дека си лижавче.

Гулаби

Седат двајца пензионери во жена парк.
– Ти не носиш леб за гулабиве?
– Не, ги јадам без леб!

Глупости

Учителката: Добро бе Трпе, како може едно дете толку глупости да направи во еден ден?
Трпе: Па, рано станувам.

Пубертет

Се шетале две гуми од формула 1 и по пат виделе крампонка и и рекле:
– Што бе пак пубертет?

Кондоми

Цветко влегува во аптека:
– Десет кондоми, ве молам!
Аптекарката прашува:
– А какви да бидат? Брзи како Порше, убави како БМВ или сигурни како Волво.
– Нека бидат како џип, за по дупки ми требаат.

Кумановец

Фатија кумановац златну рибу и она му кажала ако гу пушти ке му испуни жељу. И кумановац кажаја:
– Ауди Q7
– Сакаш ли на лизинг или на кредит ?
– А ти сакаш ли на зејтин или на маст?

Рај

По тешка сообраќајна несреќа се буди Трпе од кома.
– Да не сум во рајот?
– Не се уште си до мене, одговорила Трпана.