Цветко имал потреба од благајник, и дал оглас.
– Добар ден, вие баравте благајник?
– Да.
– А нели неодамна примивте еден?
– Него и го бараме!
Ситни пари
На заставник во војска му требале ситни пари за кафе. Забележал обичен војник кој бришел под во касарната и го прашал:
– Војник, дали имаш да ми раситниш 100 денари?
– Аха.
– Така ли се одговара на претпоставениот! Ајде да те слушнам повторно. Војник, дали имаш да ми раситниш 100 денари?
– Не, господине заставник!
Трговец
Калугерки
Цигара
Рака на срце
Дишење
Влегува Трпе во купатило да се тушира и од топлата вода, алатот почнал да му дава знаци на живот. Целиот возбуден трча и вика на Трпана:
– Трпано собклекувај гаките има надеж за мене.
Додека стигнал му паднал и се вратил во купатилото и го ставил во леген со вода и вика:
– Од каде ли дишеш, само да дознааам.
Продавница
Си биле Трпе и Цветко и стоеле покрај една продавница. Цветко влегол во продавницата и си купил чипс. После минута го гледа Трпе со ист чипс како неговиот. Потоа Цветко нервозно купува кока-кола. И Трпе купил кока кола. Цветко уште понервозно ја купува цела продавница. Потоа Трпе му приоѓа на Цветко и му вели:
– Јас многу ве почитувам!
Цветко зачудено прашува:
– Зошто?!
– Па благодарение на вас излегов од економска криза.
Паркинг
Омраза
Седат два Грка во авион, до прозорецот и на средното седиште. Доаѓа Цветко, седнува до нив, се раскомотува и ги соблекува чевлите. Гркот до прозорецот вели:
– Мислам дека ќе одам по кока-кола.
На тоа Цветко му вели:
– Братче, да не се провлекуваш, јас ќе ти донесам.
И додека бил отсутен, едниот Грк му плукнал во чевелот. По пет минути, истата сцена, само со вториот Грк и со другиот чевел. Слетува авионот, Цветко ги облекува чевлите, се намуртува и вели:
– До кога, бре, оваа омраза, нетрпеливост, плукање во чевлите, мочање во кока-кола и слично..
Срце
Лас Вегас
Се вратил Трпе еден ден од работа дома и ја нашол Трпана како седи на прагот со спакувани куфери. Ја прашал каде ќе оди, а таа му рекла:
– Одам во Лас Вегас. Денеска разбрав дека таму можам да заработам 400 долари од ноќ за она што тебе ти го давам за џабе.
Размислил Трпе малку, па отишол во куќата и тој се спакувал па се вратил кај Трпана. Таа го прашала:
– А каде пак ти планираш да одиш?
– Доаѓам со тебе. Баш би сакал да видам како планираш да живееш со 800 долари годишно.