Дома / Вицови (страна 217)

Вицови

Нудистичка плажа

Стар човек на седумдесет години заминал на нудистичка плажа. За да добие членарина за нудистичката плажа мора да помине еден ден и потоа сам да одлучи дали сака да постане член. Околу него почнале да се приближуваат многу згодни девојки (какви не видел во живо со децении), целиот е возбуден, и приоѓа на една, таа го носи крај една грмушка…и завршува работа. Си запалил цигара и продолжил понатаму да се шета по плажата. Старецот среќен и поносен продолжил да се шета кога во еден момент му паднала цигарата од уста. Кога се наведнал да ја земе цигарата некој од позади му го ставил… На крајот од денот доаѓа газдата на плажата да го праша што одлучил, дали сака да стане член на нудистичкото друштво.
– Не! – одговорил старецот.
– Не ми е јасно зошто не сакате, нели видовте дека секогаш кога ќе се возбудите можете да си одберете женска и да си завршете работа.
– Вака сине да ви кажам, јас на моја возраст се возбудувам еднаш на три месеци, а цигарата од уста ми паѓа 5-6 пати во денот.

Невнимание

Ако ве погоди метеор, тоа е Божјо дело, но ако ве погоди дожд од метеори тогаш е во прашање невнимание.

Бицепси

Разговор помеѓу интернет зависници:
– Абе, како ги направи тие твои бицепси, одиш на фитнес?
– Не, туку од сурфање по интернет.
– Како тоа, бе?
– Си вградив тег од два килограми во глувчето.

Остваруваме

За покривање на дупките во фондот за пензиско-инвалидско осигурување владата воведе нови собракајни правила:
– Личности постари од 58 години смеат да ја минуваат улицата и кога семафорот показува црвено.
– Личности постари од 63 години мораат да ја минуваат улицата на црвено.
Остваруваме! Влада на РМ.

Десет божји заповеди

Во црквата свештеникот држи проповед за 10-те божји заповеди. Кога зборувал за заповедта “не кради”… … забележал како Трпе во првиот ред почнал непријатно да се врти на сите страни. Подосна кога кога стигнал до “не ја посакувај жената на ближниот свој”, Трпе се смирил и на лицето му се забележала насмевка. По службата, свештеникот му приоѓа на Трпе и го замолува да му го објасни неговото однесување.
– Знаете, оче, додека говоревте за заповедта “не кради”, забележав дека ми го нема чадорот. Но штом дојдовте до “не ја посакувај жената на ближниот свој” веднаш се сетив каде сум го заборавил!

Фалба

Си биле американец, русин и македонец. И тие се фалеле кој во што е подобар. Американецот рекол дека кај нив е развиено градежништвото, дека кај нив се градат високи згради и облакодери. Русинот рекол дека кај нив е развиена медицината, односно дека некој човек што не гледал убаво му ставиле фарови од волга, и дека после тоа се убаво гледал како був. На ова македонецот рекол:
– И кај нас е развиена медицината, еден човек работејќи на машина за сечење дрва си ја исече раката до зглоб, па ние му сошивме виме од крава па сега работи и си цуца млекце.
На ова русинот прашал:
– Е кој го видел тоа?
И македонецот одговорил:
– Тој вашиот со фаровите!

Прозори

Плавуша решила да ги менува старите дрвени прозорци со нови пластични.
После извесно време и се јавува газдата на фирмата.
– Госпоѓо, вие мислите да ми ги платите некогаш прозорците или не?
– Како да ви ги платам, па нели рековте дека: “прозорците се толку штедливи што самите ќе се отплатат за година дена”. Епа господине помина една година! Ако сум плавуша не значи дека можете да ме правите глупава!

Брачен советник

Трпана оди на брачен советник и се исповедува:
– Јас го сакам, тој полудува по мене, имаме заеднички желби. Покрај тоа, тој заработува добро и среќен е кога сме заедно.
– Па што е тогаш проблемот?
– Не знам како да му кажам на сопругот.

Кочници

Полицаец сопира плавуша:
– Госпоѓо, возевте пребрзо!
– Знам господине, но кочниците ми се толку слаби што сакав побрзо да стигнам до дома пред да доживеам несреќа.

Пченка

Зошто плавуша во ташната секогаш носи огледало и пченка?
– Огледало за да се осигура дека не е кокошка, а пченка за секој случај.