Дома / Вицови (страна 219)

Вицови

Сапуни

Разговараат два сапуна и едниот вели:
– Гледам дека си ослабел. Како успеа?
– Лесно. Се избањав.

Зајко напушен

Лавот забранил да се пуши трева во џунглата. Сите го почитувале тоа освен зајко кој секој ден пушел. Еден ден го затекнал лавот и му се развикал:
– Зајко!!! Што правиш? Нели реков да не се пуши во џунглава!
– Е добро еднаш и ти пак еее….
Вториот ден пак го затекнал:
– Абе зајко што реков јас?
– Абе пак ти… е не пушам повеќе, готово…
Третиот ден го нашол во реката пак со џоинтот в уста:
– Море зајко, абе пак пушиш?
– Аааааа, не, за нас рибите тоа не важи!

Разлика

Која е разликата помеѓу девојки на возраст од 8, 18, 28, 38 и 48 години?
8 –  Ја носиш во кревет па и кажуваш приказна.
18 – И кажуваш приказна па ја носиш во кревет.
28 – Не ти треба приказна за да ја однесеш во кревет.
38 – Ти кажува приказна па те носи во кревет.
48 – И кажуваш приказна за да не те однесе во кревет.

Нож

Во една лудница еден лудак го брка докторот со нож. Овој бегал, бегал, но на крајот се нашол во ќош и немал каде повеќе да бега. Лудакот му се приближил со ножот и му рекол на докторот:
– На сега ти бркаш.

Трпение

“За љубовта е потребно трпение”, и рекол пајакот на стоногалката и и ги раширил првиот пар нозе.

 

Шанса

Трпе бил многу богат. И еден ден Трпана му вика:
– Слушај Трпе оној твојон возач веднаш да го отпуштиш од работа, за малку ќе ме прегазеше со колата!
– Немој така Трпано, ај да му дадеме на човекот уште една шанса!

Поука

Потребни се само неколку секунди да се повреди саканата личност, а потоа се потребни години да се излечи.

Удрен

Ти си единствениот човек региститран во човековата историја кој бил удрен од паркирана кола.

Феномен

Оди Трпана на доктор:
– Докторе, имам голем проблем! Ниедeн маж не може да ме задоволи!
– Пробајте со 2 мажи.
– Ма, пробав со 2, 3, 4 и ништо…
– Пробајте со 5 или 10!
– И то пробав…
– Трпано, вие сте медицински феномен!
– Феномен, докторе, феномен, а не курва, како селото што збори!

Брзо возење

Си бил некој човек и на автопат и колата ја возел од 200-220 km/h и на еднаш му искоча полицаец и тој ја гази кочницата и застанува. Излегува човекот од возилото и му вели на полицаецот:
– Што е друже пребрзо ли возев?
А на тоа полицаецот му вели:
– Не возеше пребрзо, туку прениско леташе.

Ебачи

Кои се четирите најголеми ебачи во историјата?
1. Толстој , три години ја “работеше” Ана Каренина.
2. Наполеон, умре на Св.Елена.
3. Хитлер, им еба мајката на сите Евреи.
4. Ленин, татко на сите комунисти.