Дома / Вицови (страна 222)

Вицови

Јапонци и Црногорци

Се договориле претседателите на Јапонија и на Црна Гора да направат размена на луѓе по 10 вагона, за да се измешаат малку двата народа бидејки Јапонците премногу вредни, а Црногорците премногу мрзливи па колку-толку да се изедначат малку. По 2 дена стигнуваат возовите во двете држави, но во Јапонија стигнуваат 11 вагона. Јапонскиот претседател веднаш му се јавил на Црногорскиот:
– Зошто бе пријател си пратил 11 вагона, нели се договоривме по 10?
– А бе се е во ред, едниот вагон се враќа назад, тоа се амали за да ги истовараат Црногорците.

Пијачка

Дечко и приоѓа на девојка во диско:
– Девојко, може ли да те частам пијачка ама да ми правиш муабет барем додека не ја испиеш?
– Секако.
– Добро, што би сакала да се напиеш?
– Текила.

Капини

Си имало една река. На едната страна била мечката што јадела капини, а на другата зајакот.
– Еј, мецо, дојди да видиш нешто што го гледам јас! – вели зајакот.
– Не можам, зајко, јадам!
– Ма, дојди, кога ти велам! Ќе се изненадиш! – вели зајакот.
– Не доаѓам.
Но, зајакот замарал така и мечката сепак решила да отиде до зајакот. Влегла во водата и замалку не се удавила. Кога истоштена дошла кај зајакот, тој рекол:
– Ај, мецо, глеј колку капини има од таа страна на реката!

Тампони

Во чекална кај стоматолог пациентката на која и е редот да влезе си става памук во ушите.
– А, зошто го правите тоа? – Ја прашуваат останатите пациенти.
– За да не слушам кога ќе врискам!

Титаник

Учителката:
– Трпе која година потонал Титаник?
– Не знам учителке која година точно, ама сигурно било во време на СДСМ.

Windows 7

Што се случува кога на Pentium 1 би му ставиле Windows 7?
– Автоматско ресетирање на 7 поради “голема брзина” на машината.

Виолина

Бабата многу се разболела. Мајката на ќерка си и вели:
– Оди збори и нешто убаво на баба ти.
Девојчето отишло кај креветот од бабата и и вели:
– Бабо дали може за твојот погреб да свирам со мојата виолина?

Мама

Малиот Трпе му вика на татко му:
– Тато, мора да ја продадеме мама!
– Зошто бе сине? – Прашува Трпе.
– Па, јас више не цицам, ти више не ебеш, зошто да ја храниме? За комшијата?

Исповед

Маж се исповеда:
– Оче згрешив. Одам во паркот и зад една грмушка гледам Тој и Таа.
– Не е грев чедо. Тоа е нормално.
– Да, ама зад друга грмушка видов Таа и Таа.
– И тоа не е грев.
– Ама зад третата грмушка видов Тој и Тој.
– Ех синко… да дојдеше пред пет минути ќе видеше Јас и Јас!

Бурек

Седи дете покрај кејот кај камениот мост и плаче, поминува полицаец и го прашува детето зошто плаче.
– Ми падна бурекот во Вардар, затоа плачам.
Полицаецот за да го расположи му вика:
– Со што беше бурекот, јас ќе ти купам, со месо?
– Не беше со месо!
– Со сирење ли беше?
– Не беше ни со сирење!
– Аааа знам со спанаќ беше а?
– Не беше ни со спанаќ!
– Па со што беше бе!
– Со брат ми!

Фатаморгана

На Мујо и Хасо од жешкото време им се гледало дека на асвалтот има вода па решиле да рипаат. Мујо рипа од 3 спрат и доле се залепува на земја и му вели на Хасо:
– Хасо, рипај од 6 спрат тука е многу плитко.

Господ

На час по ликовно, наставнучката го прашува малиот Трпе:
– Трпе, што црташ?
– Господ, наставничке.
– Но Трпе, никој не знае како изгледа Господ.
– Сега ќе дознаете, наставничке.