На час по ликовно, наставнучката го прашува малиот Трпе:
– Трпе, што црташ?
– Господ, наставничке.
– Но Трпе, никој не знае како изгледа Господ.
– Сега ќе дознаете, наставничке.
Писмо
Преглед
Заби
Музика
Промашување
Подарок
Дошло крај на школска година и сите ученици на учителката и донеле убаво завиткани подароци. Го земала учителката подарокот од синот на цвеќарот, го протресла, па прашала?
– Ова мора да се цвеќиња?
– Така е учителке. – одговорило детето
Потоа… го земала подарокот од ќерката на слаткарот, го протресла, па прашала?
– Ова мора да е кутија слатки.
– Да учителке. – одговорило девојчето.
На крај го подигнала подарокот од синот на газда на продавница за алкохол. Видела учителката дека нешто тече од кутијата, па земала малку со прстот, лизнала и прашала:
– Дали е ова вино?
– Не учителке.
– Да не е шампанско?
– Не е.
– Се предавам. Што е тогаш?
– Кутре.
Гости
Малиот Трпе го прашува својот татко:
– Тато што е тоа училиште?
– Тоа ти е сине како да одиш на гости, но да подучуваш нешто…
Дошло ден Трпе да оди на училиште. Отишол и се вратил. Утредента татко му го гледа Трпе и му вели:
– Ти бре, нели одиш на училиште??
– Не бе тато, секој ден не се оди на гости, ќе станам досаден.
Во автобус
Вест
Доаѓа синот дома и татко му го прашува:
– Сине, има нешто ново на училиште?
– Да, има добра и лоша вест!!!
– Добро, сине ај кажи ја прво добрата вест.
– Конечно, тато ни изгоре училиштето!!!
– Како сине, па тоа не е добро, ај кажи ми ја лошата вест?
– Пожарникарите, што дојдоа да го изгасат училиштето ги спасија професорите!!!
Преспивање
Птичка
НЛО
Новинарка ја пратиле да интервјуира неколку овчари кои виделе НЛО. Меѓу другото станало збор и за тоа како живеат сами во планината по 7-8 месеци без да видат друг народ. Новинарката ги прашува:
– Како издржувате без жени толку време?
Овчарите ја грабнале и еден и рекол:
– Па ќе кажеме дека сме виделе НЛО и ќе ни испратат некоја новинарка.