После оперативниот зафат на една згодна русокоса, докторот и врши контрола.
– Докторе што мислите, како сум?
– Одлично, супер закрепнувате.
– Докторе, а ќе можам да продолжам со нормален сексуален живот?
Докторот се замислува.
– Па…
– Леле, знаев дека нешто не е во ред…
– Се е во ред г-ѓо, само никој не ми го поставил вакво прашање после операција на крајници!
Прслук
Вирус
Љубовник
Се враќа Трпе од работа и ја гледа Трпана седната на кауч со љубовникот:
– Што се случува тука?! – прашува Трпе изненаден.
– Не знам ти кажи ми. – му одговара Трпана.
– Па седиш на каучот со некој непознат! – враќа Трпе
– Како така непознат! – извикува љубовникот – па јас и жена ти веќе шест месеци имаме секс!
Канибали
Вирус
Сакање
Сон
Риболов
Трпе поминал два дена со својата љубовница, а и рекол на сопругата дека е по риба.
На пат кон дома, влегол во продавница за риболов за да купи крап како алиби.
Го плаќа крапот и му вика на продавачот:
– Ај те молам фрли го крапот преку шалтерот кон мене.
– Зошто?!
– Па, да можам со чиста совест да кажам дека сум го фатил.
Син
Ламба
Нашол еден Македонец стара ламба, и како што е редот ја протрил. Од неа се појавил дух и му рекол:
– Имаш право на три желби!
– А бе, нема што да мислам, стави да пиеме по една ракија.
– Ама… Сигурен ли си!
– Стави, стави!
Што да прави духот – Става по една… Ја пијат…
– Сега ти останаа само две желби – мисли мудро!
– Нема што да мислам – давај уште по една!
– Ама, јас сум семоќен, можам да ти ја исполнам апсолутно секоја желба!
– Стави бе, да пивнеме уште по една.
Што да прави духот, должен е да се покорува. Става уште по една. Ја пијат…
– Ти остана последната желба, размисли внимателно што ќе посакаш!
– Стави да пиеме уште по една!
– Ама не може така, нема да ти останат желби! – Навреден вели духот.
– Ставај!
Ја става духот и третата тура, пијат заедно по една ракија… И потоа се прибира назад во ламбата.
По неколку минути духот ја подава главата од ламбата и малку неразбирливо прашува:
– Абе ти четврта желба немаш ли?
Запознавање
Притисок
Плавуша оди на систематски преглед. Сестрата ја дочекува и прашува:
– Колку сте тешки ?
– 45 кг.
Сестрата ја качува на вагата мери 58кг и сестрата го запишува тоа.
– А колку сте високи?
– 165см.
Сестрата ја мери и висината е 155см, пак запишува и почнува да ји го мери крвниот притисок.
– Притисокот Ви се покачил доста.
– Е како нема да ми се качи, влегов тука висока и витка, а сега сум ниска и дебела!