Дома / Вицови (страна 230)

Вицови

Градска плажа

Во Скопје се отвори Градска плажа. Лежалките се бесплатни. За Охриѓани 500 денари.
А има и наградна игра: “Кој прв ќе го види шпоретот во Вардар”!

Очила

Влага плавуша во продавница и прашува:
– Имате очила?
– За сонце?
– Не, за мене.

Лавица

Си седеле лавот и бикот на шанк и си пиеле пиво. По некое време на лавот му ѕвони мобилниот:
– Ајде прибирај се дома, да не доаѓам ја таму, јасно?
– Еве одма доаѓам драга.
– Е, лаве, мене така да ме вика жена ми коа сум у кафана, не би поминало тоа туку така, ја би останал со другарите да пијам до сабајле.
– Те разбирам ја тебе пријателу мој, ама твојата жена е крава, а мојата лавица.

Риба

Оди Трпе во рибарница и бара риба.
– Рибава свежа е?
– Сигурно дека е свежа, гледаш дека е жива!
– Па и жена ми е жива, ама дека е свежа, не сум сигурен!

Банка

Некоја банка ја ограбуваат по трет пат и полицаецот ја распрашува службеничката:
– Како изгледаше човекот?
– Појма немам, само знам дека секој пат доаѓа со поскапо одело!

Возачка

Трпана полага возачки пред комисија.
– Госпоѓо што ќе се случи кога ќе ја подигнете левата нога.
– Тогаш го отпуштам квачилото!
– Добро, а кога ќе ја дигнете десната нога?
– Тогаш го отпуштам гасот.
– Добро, а што ќе се случи кога ќе ги дигнете двете нозе?
– Е изгледа дека тогаш ќе положам!

Бивша

Цветко ја сретнал бившата женска.
– Еј здраво маче, баш вчера мислев на тебе!
– Е Цветко, Цветко, не требаше да ми раскинеш, гледаш дека ти недостасувам?
– Не бе, кога мислам на тебе не свршувам брзо!

Затвор

Разговараат две пријателки:
– Маж ти уште работи во полиција ?
– Не, сега е во затвор.
– Како бе во затвор, зошто?
– Затоа што силувал една девојка додека бил на должност.
– А со девојката што стана?
– И таа е во затвор, заради спротиставување кон полицаец.

Пари

Малиот Трпе се спрема пред град и го прашува татко му:
– Тато, тато, имаш пари?
– Имам сине, не се секирај за мене.

Автобус

Две плавуша седат на автобуска. Влагаат во автобус и едната го прашува шоферот:
– Може ли да одам со овој автобус до Битола?
– Нажалост, не може. – одговорил шоферот.
Втората плавуша се уфрлила во муабет:
– А јас може ли?