Дома / Вицови (страна 233)

Вицови

Заборавање

Си бил некој полицаец кој секогаш заборавал на своето мало дете да му купи фломастери за во школо. Еден ден учителката му рекла на детето дека ако наредниот ден ако не донесе ке го избрка од часови. Утредента детето му рекло на татко му:
– Тато ми купи ли фломастери?
Тогаш татко рекол дека заборавил. Детето му кажало на таткото што му рекла наставничката па таткото морал да купи. Детето било прва смена а имало отворена само една книжара. Тогаш Таткото рекол на продавачот:
– Здраво! Брзо дај ми фломастери за трето одделение Основно Училиште.
Продавачот помислил дека човекот се шали и му рекол:
– А за кое полугодие?
– Абе не знам давај побргу прва смена е ке го избркат од училиште!!!

Големина

Тројца другари се фалат кој има најголем орган. Првиот вика 21,5 см, вториот вика 21,6 см и третиот вика 37,5см.
– Aман бе друже со шо го мериш?
– Со топломер бе момци.

Муви

Малиот Трпе отепал 5 муви и отишол да се пофали кај мајка му.
– Мамо, мамо јас убив 3 машки и 2 женски муви…
– Е, сине како дозна кои се машки, а кои женски муви?
– Па 3 машки муви кои ги отепав беа на капачето од ракијата, а женските беа на твоето огледало.

Продажба

Отишле Трпе и син му на некој сточен пазар.
– Тато зошто овој човек ја чепка кравата за градите?
– За да виде дали е добра кравата, дали дава доволно млеко, а можеби и ќе ја купи.
Утредента Трпе седел во некоја кафана, а малиот Трпе трча и на цел глас му вели:
– Тато брзо дома чичко поштар сака да ја купи мама!

Пијачки

Влегува Цветко во кафеана и му вели на келнерот:
– Донеси ми 13 вињака!
Келнерот се зачудил, ама ништо не рекол и му ги донел и ги наредил на масата и го прашал:
– Во ред ли е?
– Одлично, а сега првата и последната врати ги назад.
– Зошто?
– Абе, од првата се наежувам, а од последната ми се лоши.

Сестри

Дошол Мујо од работа и го сретнува Хасо и му вика:
– Еј да видиш што видов денеска едни две близначки многу беа убави, изгледа сестри беа!

Шкоти

Шкотланѓанин го прака синот за прв пат сам да си купи чевли,му дава 5 фунти и му вели:
– Синко колку и да ти рече продавачот дека коштаат ти симни му ја цената на половина.
Момчето ги земало парите и отишло во продавницата за чевли. Бендисало едни чевли ги пробал и задоволен го прашал продавачот:
– Колку чевливе?
– 8 фунти.
– 4. -рекло момчето
– Може за 6. -рекол продавачот.
– 3. – рекло момчето.
– 5. – рекол продавачот веќе видно изнервиран.
– 2,5. – рекло момчето ладно како шприцер.
– 4 последно! -почнал да чури продавачот.
– 2. -рекло момчето ноншалантно.
– Земи ги беспари, не можам со тебе да испаднам на крај. – рекол продавачот.
– Дај два пара! -Извикало возбудено момчето.

Труден точак

Се возел Цветко на точак и видел дека предната гума му е малце нешо здебелена и си рекол:
– Точаков е труден ќе ми роди мали точачиња.
Си седнал и си запалил цигара и чекал. Во меѓу време дошле двајца негови другари и овој им кажал шо е работата овие се израдувале и решиле заедно двајцата со Цветко да чекаат точакот да се породи. Така чекале 10-15 минути и прошол цајкан и ги прашал што е работата му рекле дека точакот е труден ќе роди мали точаци и како и сите други цајканов се израдувал решил да чекаат сите 4-ца и поминало малце подолг период околу пола саат и цајканов зима пендраков и почнал да ги мава другиве ги мавал ги мавал и овие му рекле:
– Зашто не маваш, што е работата?
И цајканов вика:
– Вие ли мене ќе ме заебавате, што мислите, јас глуп сум? Па ова е машки точак!!!