Дома / Вицови (страна 235)

Вицови

Светско

7 од 10 англиски навивачи мислат дека Англија ќе победи на Светско, останатите 3 сеуште не се пијани.

Кисела вода

Наставничката го прашува Трпе:
– Што се добива од H2O и CO2?
Трпе како од пушка одговара:
– Кисела вода, наставничке !

Пријателство

По 20 години Мујо се враќа од странство. Оди кај другар му Хасо и го прашува:
– Хасо може само една вечер да преспијам кај тебе?
– Другар си ми, може да преспиеш, но имам само еден кревет за мене и за жена ми.
– Ајде ти се молам.
– Добро тогаш сите тројца ќе спиеме на тој кревет, ти ќе бидеш во средината…
Удредента се будат и Хасо го прашува Мујо:
– Мујо се беше во ред ноќеска?
– Се беше, само да ти кажам право жена ти цел ноќ ме држеше за к**.
– Не бе, не беше тоа жена ми…  јас бев…
– Е зошто ти???
-Сигурно си е сигурно…

Зезнување

Електричар работи во болница, и нешто не му оди. Поминува некој доктор и му вика:
– Како е мајсторе, пак зезна нешто, а?
– Докторе, јас ако зезнам нешто, го поправам, а ти ако зезнеш го закопуваш во земја.

Пиво

Отишле Амстел, Хајнекен и Скопско у кафана на по едно пиво. Доаѓа конобарот и Амстелот вика:
– За мене еден Амстел.
Хајнекенот:
– За мене еден хајнекен.
Скопското:
– Мене дај ми едно пепси.
– Еј, абе зашто нарачуваш пепси прашале двајцава?
Скопското:
– Па вие не пиете пиво, и ја не пијам пиво.

Битка

Македонска чета водела битка со Турците. Долго време се бореле, но постојано доаѓало непријателско засилување. Еден македонски револуционер се обратил кон војводата:
– Војводо, многу душмани се собраа, ќе се бориме ли или ќе се предадеме?
– Македонски револуционер не се предава! – строго рекол војводата. – Ќе бегаме!

Зајчиња

Се договориле зајчињата да го тепат волкот и мислеле причина… Мислеле, мислеле и на тоа најмалото му текнало:
– Ај ќе го тепаме зошто не носи капа.
Се согласиле и другите и го среќават волкот и тоа најмалото му вели:
-Ти зошто не носиш капа? – и го истепале.
Следниот ден пак сакале да го тепат и пак мислеле причина и на тоа најмалото му текнало:
– Ај овој пат ќе го тепаме зошто носи капа.
Се согласиле и другите и го среќават волкот овој пат со капа и тоа најмалото пак му вели:
– Ти зошто носиш капа? – и пак го истепале.
Следниот ден веќе немало зошто да го тепат, но на тоа најмалото пак му текнало:
-Ај ќе го тепаме зошто носи цигари со фас.
Се согласиле и другите, но волкот бил зад некое дрво и се ги слушнал и се припремил. И го среќават зајчињата и тоа најмалото му вели:
– Волчко дојди малку.
Доаѓа волкот и му вели:
– Еве ти цигари и со фас и без фас.
И тоа најмалото се збркало и му вели:
– А ти зошто не носиш капа?- и пак го истепале.

Смрт

Мујо му вика на Хасо:
– Хасо многу сум тажен.
– Зошто?
– Пред две недели умре баба ми и ми остави 20000 денари. Пред три недели ми умре дeдо ми и ми остави 30000 денари. Пред една недела умре тетка ми и ми остави 40000 денари.
Хасо му вика:
– Ти си бил стварно многу тажен. Три умирачки во еден месец.
А Мујо му вика:
– Не е тоа.
– Епа кое?
– Па како не можеа повеќe да ми остават?!

Броење

Трпана очајно го моли Трпе да и каже со колку жени спиел во животот, а Трпе и вика:
– Маче, ако ти кажам, ќе се разочараш.
– Абе ајде, те молам, не ме нервирај, ајде кажи ми.
– Добро, една, две, три, четири, пет, шест, седум, ТИ, 9, 10, 11, 12,…