Трпе пиел ладно пиво и го заболело грлото.
Отишол до соседот, кој бил доктор.
Заѕвонил и на вратата се појавила жената на докторот.
Трпе, бидејќи го болело грлото, прашал шепотејќи:
– Докторот тука ли е?..
Жената, исто така шепотејќи:
– Го нема, влегувај…
Храброст
ХРАБАР
Кога ќе дојдеш дома сред ноќ мртов пијан, жена ти е во кревет, но сè уште не спие. Земаш столче и седнуваш пред нејзиниот кревет, а на нејзиното прашање:
– Што правиш?, одговараш:
– Сакам да седам во прв ред кога ќе почне циркусот.
ПОХРАБАР
Кога доаѓаш дома сред ноќ добро пијан, жена ти те чека со метла во раце, а ти ја прашуваш:
– Чистиш или се спремаш да одлеташ негде?
НАЈХРАБАР
Кога доаѓаш дома сред ноќ, мирисаш на парфем и имаш шминка по целата кошула. Ја плескаш жена ти по задникот и велиш:
– Ајде срце, ти си следна!
ХРАБАР У ПИ*КУ МАТЕРИНУ
Кога доаѓаш дома мртов пијан со швалерката, а на жени ти и викаш намигнувајќи:
– Прави се дека си ми сестра!
Прашање
Пожарникар
Адреналин
Оди Цветко кај психолог и вели:
– Сè во мојот живот е прекрасно, но ми недостасуваат јаки чувства.
– На што мислите?
– Не знам како да си го качам адреналинот? Се обидов со сè – скокање со падобран, банџи, нуркање… Сакам нешто ново.
– Фатете си љубовница.
– Имам три, не помагаат.
– Тогаш кажете ѝ на жена ви.
Инекција
– Ајде, соблечи ги гаќите и врти го газот кон мене!
– Не Трпе, не сакам во газот!
– Ма не се плаши, ти викам, не боли!
– Ааа, Цвета ми кажа болело.
– Цвета многу мрдаше, не можев да ја погодам убаво, за тоа ја болело.
– А, и срам ми е!
– Зошто да ти е срам, па се знаеме од основно, не треба од мене да ти е срам. Мене ми е сеедно, дали е жена или маж!
– А може ли да не гледаш?
– Е како ќе те погодам, ако не гледам?!
– Ами, со пипкање!
– А бе, шо нема да ви текне на вас жените… Ја па шо те молам, заврти се ваму. Отвори устата, ајде голтај. Само ти кажувам кака доктор дека апчиња не помагаат, требаше инекција да ти ставам, ама ти не слушаш!
Вијагра
Развод
83 годишен дедо се разведува од бабата.
Судијата го прашува:
– Господине, после 50 години брак? Зошто? Што толку лошо може да ви направи една беспомошна баба, па да барате развод?
– Почитуван судија, вие не знаете женскиот мозок што сѐ може да смисли?
– Е што толку ви прави?
– Само чека да заспијам, си ги става моите заби и јаде лук!
Кеиф
Влегува тип во хотел во Кавадарци, и прашува:
– Добро вечер, имате ли слободни соби?
– Да, имаме.
– А сега, може ли нешто да се вечера?
– Секако.
– А да не нудите, и вечерни услуги?
– Да, нудиме, како не, туа е Благето, 50 евра.
– А да не нудите, и од другиот пол случајно?
– Да, и тоа го имаме, тука е Нацо 500 евра.
– Што, 500 евра! Е што е толку скапо?!
– Гледај сеа, мене ич не ми е по ќеиф ваа работа, затоа зиам 100 Евра, на началникот на полицијата не му е по ќеиф, и он зима 100 Евра, на градоначалникот не му е по ќеиф, и он 100 Евра.
– Значи Нацо зема 200 евра?
– Не, не. По 100 Евра зимат Трајко и Ѓоко, шо го држат Нацо, оти и него не му е по ќеиф.
Секси шоп
Казна
Жена плаќа на касата во супермаркет.
Кога ја отвора чантата да го извади паричникот, касиерката забележува дека внатре си ги носи тастатурата и глувчето од компјутерот.
Касиерката не можејќи да се воздржи прашува:
– Извинете за љубопитноста, но секогаш ли си носите со себе глувче и тастатура?
– Не, не, само сега. Сакав да го казнам маж ми затоа што не сакаше да дојде со мене да пазаруваме!
Разговор
Влав оди во главната пошта и прашува на шалтерот кај телефонските говорници:
– Може ли да нарачам 5 секунди разговор со ЊуЈорк?
Службеничката го погледнува чудно, но кимнува со главата за согласност.
– Ѕвонете од кабина број 2.
Од кабината се слуша:
– Жено, какаше ли?!
– Да!
– Добро, чао!
Жената згрозена, но од љубопитност прашува:
– Добро, да ве прашам, што разговор беше тоа?
– Е што толку се чудите? Кака – значи јаде! Јаде – значи има пари! Има пари – значи се е во ред!
Порно списание
Лек
Симпозиум на лекари на тема „Стерилизација на мажи“.
Лекарите од целиот свет ги излагаат своите најнови методи.
Кон крајот на третиот ден настапува македонски претставник:
– Почитувани колеги, кај нас тоа го правиме брзо и лесно. Го ставаме човекот на канал и со две цигли му ги сплескуваме тестисите.
– Но колега, тоа мора да е екстремно болно – реагираат возбудено речиси сите учесници.
– Воопшто не е болно, колеги, треба само да внимавате да не си ги удрите прстите.