Дома / Вицови (страна 26)

Вицови

Совет

Трпе му се доверува на Цветко:
– Нешто многу ме мачи.
– Кажи да ти помогнам.
– Треба да се женам, имам две девојки.
– И?
– Едната е постара вдовица, ама многу богата, има 3 коли, 2 џипа и 4 стана.
– А другата?
– Млада, згодна и паметна девојка, ама сиромашна.
– Ожени се за младата, битна е љубовта! А, каде живее таа вдовицата?!

Директор

Во некоја државна фирма наместиле нов директор.
Добил многу убави канцеларии, згодна секретарка, станал буџа човекот.
Не поминало долго време, почнало нешто да го мачи.
Секретарката:
– Што Ви е директоре?
– Ах, да можев еднаш да викнам!
И така неколку пати, го свикала секретарката персоналот на состанок:
– Директоре, ако има нешто, викнете слободно, не може вечно потиштен да ве гледаме!
Директорот:
– Ајде семки, кикирики, мастики!

Македонски хендикеп

Си седат во кафана тројца инвалиди – слеп Американец, глувонем Французин и Македонец во инвалидкса количка.
Одеднаш пред нив се појавува Исус и му вели на Американецот:
– Затоа што цел живот си праведен, ќе те избавам од маките!
Го допира Американецот и овој прогледува. Почнува да скока од радост.
Потоа Исус му вели на Французинот:
– Ти исто така си чесен човек, синко. И тебе ќе те излечам!
Го допира и Французинот почнува да слуша.
Потоа Исус се свртел кон Македонецот, а нашиот му се развикал:
– Немој да си ме пипнал, имам 200 евра инвалидска пензија!

Интелект

Тројца полицајци се обидуваат да водат интелектуален разговор.
Првиот вели:
– Еј, абе знаете ли дека на Марс има суштествени?
Вториот малку се подзамислува и додава:
– Тоа според мене се само хипотенузи.
Третиот намуртено вели:
– Јас мислам дека вие двајца се апсолутно импотентни да зборувате за прашањето.

Доктори

Гинеколог и стоматолог одлучуваат да си ги заменат местата еден ден.
Влегува стоматологот кај пациентката на гинекологија, која лежела со раширени нозе, се наведнал и по навика рекол:
– Кажи “Ааааа”!
Жената се штрекнала, ги стиснала нозете и исплашено рекла:
– Немојте докторе, не ја учете да збори, ќе му каже се на маж ми!

Дубаи

Одат двајца кумановци во ресторан во Дубаи и едниот вика:
– Брат днска ќе ручамо Суши!!
А друг:
– Брат ја не знам такој, ја ке си jеду С’уста.

Избор

Две плавуши зборуваат:
– Леле не знам како да си најдам маж…
– Како не знаш. Ќе застанеш на улица и ќе викнеш сите паметни на лево сите убави на десно!
– И?
– Епа тој што ќе се збуни, тој е за тебе!

Главоболка

Неандерталец и вели на жена си:
– Ај да се онадиме!
– Абе чоек кај најде сега?
Земал со стапот ја удирил по глава и пак ја прашува:
– Сеа ќе се онадиме или не?
– Море чоек, остај ме сега главата ме боли!

Новороденче

Трпе во породилното ги гледа преку стаклото новородените деца во големата сала.
Медицинската сестра минува покрај него и го прашува:
– Кое е вашето?
– Првите два реда!

Паѓање

Некој миел прозорци на 14 кат. Без да сака се лизнал, му се скинало сигуроносното јаже и тој полетал надолу. На 10 -ти кат се протегнала здрава машка рака и го фатила за јаката. Се слушнал груб машки глас:
– Една свирка ќе направиш ли?
– Што -о- о! ? Ти си луд! Никогаш – извикал пријателов што паѓал!
Раката го пуштила и тој повторно полетал надолу. На 8 -ми кат се протегнала друга здрава машка рака и пак го фатила за јаката . Се слушнал друг машки глас:
– Ќе дадеш ли да ти го ставам отпозади?
– Никогаш! За ништо на светот! Идиоти ниедни!
И таа рака го пуштила и тој повторно полетал надолу. На 5 -ти кат се протегнала трета здрава машка рака и пак го фатила за јаката .
Пријателов без да чека се развикал :
– И отпозади давам!!! И свирка ќе направам!!!
Раката го пуштила и незадоволен глас промрморел :
– Ебати! Човек нема со кого една ракија да испие. Само некакви педерасти типови летаат наоколу!

Возачка

Трпе вози кола, одеднаш некој го удира одзади.
Искача од кола нервозен, гледа кој го удрил. Во колата позади плавуша.
Трпе почнува да вика нервозен:
– Ти ма гледаш ли што направи? Си полагала ли возачки?!
а плавушата му враќа:
– Ехе, сто пати поише од тебе!

Брзини

Некој селанец си купил кола. Комшијата го сретнал и го прашува:
– Како се погоди колата?
– Добра е. На одење накај град стигам за еден час, а се враќам за 5 часа.
– Што така?
– Епа за напред има 5 брзини, ама за враќање само една.