Дома / Вицови (страна 265)

Вицови

Хагс

Некој човек многу лошо се осеќал и отидол на доктор. После прегледот, се дијагнозирало дека е болен од ХАГС. И пациентот го прашува докторот:
– Што е ХАГС?
– Тоа е комбинација од херпес, aids, гонореја и сифилис.
– Ауф, и сега што ќе правиме?
– Ништо, ќе ве ставиме во изолирана соба и ќе ве храниме со пица, шпагети и помфрит.
– И мислите дека тоа ќе помогне? – Очајно прашува пациентот.
– Не верувам, али тоа е врста на храна што лесно поминува под врата.

Тресење

Цветко оди на доктор:
– Докторе, мора да ми помогнете, многу ми се тресат рацете.
– Дали пиете многу алкохол?
– Не, ми се истура поголемиот дел.

Телеграма

Му се жали Трпе на пријателот:
– Онаа мојана е дроља!
– Зошто така мислиш?
– Замисли, се враќам од пат и и праќам телеграма дека доаѓам, а она дома со швалерот!
После кратко молчење, Македончето замислено проговорува:
– А може не е дроља, може не ја добила телеграмата.

Пролив

Малиот Трпе го прашува татко му:
– Тато, имаш уште пролив?
– Не бе сине, од каде тоа?
– Па вчера мама те прашуваше кога ќе ти се стврдне тоа твое мало гомно.

Место

Јапонец и Босанец разговараат за своите животни приоритети. Јапонецот вика:
– Мене на прво место ми е Јапонија, на второ семејството а на трето место традицијата.
Босанецот враќа:
– Кај мене е малку поинаку. На прво место ми е семејството, на второ традицијата а Јапонија ми е тек на трето.

Финансова полиција

Желката трчала панично низ шумата и налетал на жирафата.
– Желко што брзаш толку?
– Ќути не ме прашувај ме брка финансова полиција. Ја куќа, жена ми куќа, децата куќа, ако ме фатат тешко мене!
Кога го чула ова жирафата се дала и таа на бегање. И така налетува на мечката.
– Жирафо што вака брзаш?
– Ќути не ме прашувај ме брка финансова полиција. Јас живеам на висока нога, жена ми на висока нога, децата исто!
Кога го чула ова мечката и таа се дала на бегање, и налетала на мајмунот.
– Што брзаш вака мечко!
– Ќути не ме прашувај ме брка финансова полиција. Јас со бунда, жена ми со бунда , децата со бунди, тешко мене.
Кога ова го чул мајмунот и тој се дал на бегање. Трчал,трчал, и наеднаш застанал.
– Добро бе зошто бегам, јас со гол газ, жена ми со гол газ, децата со гол газ…

Чивас

Оди Скопјанец во Oхрид, седнува во кафиќ и ја прашува келнерката:
– Девојче, Чивас има?
Келнерката:
– Ам на Цветковци.

Алат

Црногорец на олимпијада. Фрла копје, освојува прво место, руши светски рекорд…
Новинарите го прашуваат:
– Добро, како ви успеа?
– Алат, што подалеку од мене.

Наградена слика

Обединетите Нации распишале конкурс за најпоучна слика. Нацртал Трпе гол човек со гас-маска кој во едната рака држел кондом а во другата каранфил. Ја добил првата награда, го повикале во Њујорк и наградата лично му ја дал Бан-Ки Мун. Одржал говор во кој ја објаснил сликата:
– Еве почитувани колеги Трпе ја нацртал оваа слика која има симболика. Голиот човек ја симболизира сиромаштијата во светот а неговата гас-маска ја симболизира загаденоста на околината. Кондомот ја укажува опасноста од заразни болести а каранфилот укажува на тоа дека сеуште постои надеж за среќна иднина.
На тоа земал збор и Трпе:
– Почитувани! Сликава значи дека да имаш секс со кондом е исто како да мирисаш каранфил со гас-маска!

Женење

Богаташ решил да се жени но не знаел со која од трите кои во моментот му биле девојки. Им дал на трите жени по 5000 евра и чекал да види што ќе направат.
– Првата отишла во салон за убавина, па во бутик, се дотерала и разубавила само за него.
– Втората му купила најубави подароци.
– Tретата ги вложила во берза и заработила десет пати повеќе и ги ставила на зaедничка сметка.
Со која од нив се оженил богаташот?
– Со таа што имала најголеми цицки!