Дома / Вицови (страна 267)

Вицови

Водење љубов

Жената се враќа од доктор каде и кажале дека ќе живее уште 12 саати, па му вика на мажот дека сака за последен пат да води љубов со него, диво и лудо, цела ноќ. А мажот и одговара:
– Ех, лесто ти е тебе, ти не мора рано да станеш утре…

Препознавање

Полицијата повикува жена да го идендификува својот маж кој го прегазил шлепер:
– Дали го препознавате? – Прашува полицаецот.
– Хммм, да не е Пикасо?

Грчеви

Малиот Трпе пливал во море и отишол далеку. Од таму мајка му се дере, не пливај далеку ќе те фати грч.
После некоја минути плавуша се дере на нејзиниот син:
– Сине излегувај од водата има грчеви!

Пустина

Си биле Мујо и Хасо и се сретнале во пустина. Мујо носел телефонска говорница, а Хасо вреќа со камења. Мујо го прашал Хасо:
– Зошто носиш вреќа со камења? А
Хасо му одговорил:
– Ако дојде лав да го удрам со вреќата и да избегам.
А ти зошто носиш телефонска говорница?
-Ако ме брка лав, ќе влезам внатре и ќе побарам помош.

Секунда

Си бил еден човек и умрел. Наредниот ден духот му отишол кај Господ и човекот му вика на Господ:
– Офф Господе ти си семоќен и мудар, може ли да ми кажеш, што значат за тебе 1000 години???
– Ништо посебно, исто како 1 секунда.
– А што ви значат вас 1 000 000 евра???
– Па тоа не е ништо за мене само колку 1 цент!
– А ќе може ли да добијам 1 000 000 евра, ве молам!
– Еве одма за 1 секунда!!!

Тунел

– Песимистот ја гледа само темницата во тунелот.
– Оптимистот ја гледа светлината на крајот од тунелот.
– Реалистот гледа дека светлината е уствари воз.
– Машиновозачот гледа 3 идиоти на пругата.

Убава

Наставничката:
– Кога викам бев убава, тоа е минато време, а кога ќе кажам убава сум, тоа е?
– Лага, наставничке.

Смеење

Зошто кога ќе видиш циган на точак не треба да се смееш?
– Затоа што може да е твојот точак.