Дома / Вицови (страна 268)

Вицови

Ознаки

Што означуваат АБЦДЕФ кај градниците?
А – А кај се?,
Б – Барем има,
Ц – Би ги цицал,
Д – Добри,
Е – Енормно добри,
Ф – Фуј, силикон.

Издајца

Наставничката прашува:
– Трпе, кој го убил Гоце Делчев?
Трпе ќути, и на крај одговара:
– И да знам нема да ви кажам, не сум јас издајца.

Реченица

Наставникот му вика на Трпе да напише една реченица:
– Вчера бевме на училиште.
Наставникот го прашува Цветко дали е точна реченицата на Трпе, а Цветко вика:
– Не е, вчера беше недела.

Мањак

Згоден, развиен и убав маж носи плавуша во шума, а она се сопнува и паѓа, му се врти и му вика:
– Мањачиште ниедно, што сакаш од мене?
– Поим немам, ти сонуваш, не јас.

Пороци

Хомосексуалец, пушач и алкохоличар решиле да се откажат од своите пороци. Тројцата другари отишле кај еден вештерка и таа им кажала дека ако пак се вратат на своите пороци ќе умрат. По 1 месец алкохоличарот не можел да издржи и пробал алкохол, и веднаш умрел. Месец потоа хомосексуалецот и пушачот оделе по улица и здогледале една цигара. Тогаш хомосексуалецот му рекол на пушачот:
– Ако се наведнеш да ја земеш цигарата, и двајцата ќе умреме.

Вибратор

Плавуша си купила вибратор, го вклучува и вибраторот почнува да се тресе, а плавушата му вика:
– Што се тресеш, и мене ми е прв пат.

Чистота

Малечок, зошто плачеш?
– Ми умре мачката од чистота.
– Додека ја бањаше?
– Не, додека ја цедев.

Убавицата и ѕверот

Доаѓа Нина дома и гордо зборува:
– Ја добив улогата во “Убавицата и ѕверот”
И помалото братче вели:
– Навистина? А кој ќе ја глуми убавицата?

Подолго

Хитлер дошол во концентрациониот логор и почнал да ги строи сите и еден по еден да ги убива. Стигнал до едно мало девојче и му рекло:
– Хитлер, јас имам една желба.
– Ајде, кажи, само побрзо.
– Сакам да живеам подолго.
Хитлер размислил и и рекол:
– Добро, оди на крај од редот.