Дома / Вицови (страна 27)

Вицови

Несоница

Пациент му се жали на докторот:
– Докторе патам од несоница, не знам што да правам.
– Зошто не пробате со стариот трик за спиење – да броите овци?
– Не, доктор! Јас сум трговец, ќе ги избројам, па ги товарам на воз за продажба, па после цела вечер размислувам колку даноци треба да платам.

Вести

Жеден Лавот шетал низ Афричката савана и здогледал мало езерце и среќен се наведнал да се напие. Од среќа му се кренал опашот.
Покрај езерото поминувало еден мајмун и го видел лавот натртен па му го опнал набрзина.
Лавот додека да се свести што го снашло, мајмунот успеал да избега.
Бегал мајмунот и налетал на еден шатор, набрзина се пресоблекол како човек и седнал да чита весник.
Лавот го стигнал, погледнал во шаторот и го видел мајмунот како човек што чита весник, па го прашал:
– Извинете, да не видовте еден мајмун како бега?
– Мислите на мајмнот што му го опна на лавот?!
– Леле, зарем одма во весник излезе!

Бегство

Двајца луди решиле да побегнат од лудницата.
Едниот му вели на другиот:
– Излези надвор и проверете дали бодликавата жица е висока.
– Зошто?
– Ако е висока ќе се спуштиме под неа, ако е ниска ќе ја преминеме одозгора.
Излегува вториот и по некое време се враќа, а првиот го прашува:
– И, што дозна?!
– Остај, нема шанси да избегаме… Нема никаква бодликава жица.

Поклон

Трпана се враќа дома и му кажува на Трпе:
– Миличок, за роденден ти купив три прслучиња.
– Што ќе му се прслучиња на маж?
– Епа чим не ги сакаш, јас ќе си ги носам.

Историја

Малиот Трпе го прашува дедо си:
– Дедо, дедо, каква книга читаш?
– Историска книга.
– Каква историска, кога тоа е порно списание?!
– За тебе може е порно, за мене е историја.

Развод

Цветко го гледа Трпе нервозен па го прашува:
– Нешто не си расположен?
– Ма остај се. Тргнавме со сопругата да се разведеме вчера.
– Што така.
– Пред да стигнеме се скаравме по пат.

Брада

Мажите со брада во 1820 година:
– Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!
Мажите со брада во 2019 година:
– Кремава за раце, органска е?

Доцнење

Шефот го прашува Трпе:
– Трпе, зошто постојано доцниш на работа?!
– А вие зошто постојано доцните со платата?
– Па добро, сепак добиваш плата.
– Па еве сепак и јас доаѓам на работа.

Шофер

Трпе му бил шофер на директорот, во компанијата кај што работел.
Директорот имал многу јака секретарка, на која Трпе и го имал удрено меракот, па цело време и се пуштал. На девојката и здосадило и му рекла:
– Добро бе Трпе, ако можеш да ме ебеш 3 саати без престан, ќе ме имаш кога сакаш. Ама ако не издржиш, ќе ми ја даваш твојта плата наредните 3 месеци!
Паднал облогот, ама Трпе издржал само 2 саата.
По некое време, директорот приметил дека Трпе е во депресија. Па го прашал што му е.
Трпе му признал се, на директорот му паднало жал, па отишол кај секретарката, и и дал еден предлог.
Ако он ја ебе повеќе од 3 саати, да му и врате платите на Трпе, а ако не он да и даде 3 директорски плати.
Секретарката се сложила, директорот издржал 3 саати. Секретарката му ги вратила парите.
Директорот му се јавил на Трпе да дојде кај него во канцеларија да му ги вратил парите и му рекол:
– И од утре да се знае, кој во фирмава ебе, а кој вози!