Дома / Вицови (страна 28)

Вицови

Дресирање

Една жена поминува низ паркот. Одеднаш од зад грмушката:
– Стој!
Таа застанува.
– Легни!
Таа легнува.
– Сврти се!
Таа се врти.
И одеднаш слуша на увото симпатичен глас:
– Госпоѓо, добра сте? Јас си го дресирам кучето, а гледам вие лежите.

Плата

Отишол Трпе на некоја фарма да бара работа и им рекол:
– Сакам плата 25000 денари.
Директорот:
– Ама тука сите Имаат околу 15-16000.
– Јас сум посебен, го разбирам јазикот на животните.
Отишле кај свињите, и директорот прашал што зборат:
– Еве оваа вика дека родила 5 прасиња, а вие и шефот на смена сте пријавиле 3 и по едно сте си земале за дома.
Потоа отишле кај кравите, некоја замукала и директорот прашал:
– Што рече?
– Рече дека дава секој ден по 10 литра млеко, а вие сте пријавувале по 5, а другото сте си го делеле со шефот.
Во тој момент поминало едно стадо овци и почнале да блеат, а директорот рекол:
– Добро, добро имаш 25000 денари плата, не ги слушај овците, тогаш бевме пијани со шефот.

Апарат

Некоја жена седела до поп во авион и го замолила:
– Попе ќе можете ли да ми помогнете?
– Ако е во моја моќ ќерко.
– Имам еден скап апарат за депилација, кој што никогаш не е употребен, ќе можете ли да го ставите под мантијата и да го пренесете преку царина, ако ми го најдат сигурно ќе платам голема царина.
– Ќерко јас не смеам да лажам, но сепак дајте ми го.
Кога се симнале од авионот, цариникот го прашал попот:
– Попе имате ли нешто да пријавите?
– Па од главата до половината немам.
– А од половината надоле?
– Имам апарат за жени што никогаш не е употребен
– Ха ха ха, следниот.

Апче

Се качува баба во автобус и му вика на возачот:
– Синко, кога ќе стасаме во Велес да ми кажeш.
– Добро бабо.
Се возат час и половина и возачот го поминал Велес, но не му текнало да и каже на бабата. Таа го прашува:
– Синко уште колку има?
– Уште малку бабо – и почнал да се враќа назад кон Велес. Патувале уште половина час и возачот и вели на бабата:
– Еве бабо стасавме во Велес.
– А фала што ми кажа синко. Ќерка ми ми рече кога ќе стасам во Велес да се напијам апче.

Професори

Ги собрале сите професори од приватните факултети во Македонија во ист авион. Пред авионот да тргне им рекле:
– Овој авион целосно е дизајниран и направен од ваши студенти.
Сите професори веднаш се разбегале, само еден останал мирно да седи.
Го прашале зошто не бега како другите, а тој им одговорил:
– Ако авионот навистина е направен од моите студенти, сигурно нема ни да полета.

Работа

Поради честите несреќи со Вселенски летала, Американците одбиле да летаат, па НАСА морала да распише меѓународен конкурс за астронаути.
Се пријавиле Германец, Русин и Македонец:
– Колку бараш за да леташ? – го прашале најпрвин Германецот
– Два милиони евра. Еден за мене, а другиот за моето семејство, ако ми се случи нешто.
Колку бараш ти за да леташ? – го прашале следен Русинот
– Три милиони евра. Еден за мене, еден за моето семејство ако ми се случи нешто и еден за Русија.
– На крај, го прашале и Македонецот:
– Четири милиони евра! – извикал Македонецот мртов ладен
– Ама ајде, да не претеруваш малку?!
– Епа… еве вака стојат работите:
– Еден за мене,еден за тебе пошто ми ја најде работава и два за Германецот, он нека лета!

Такси

Влегуваат тројца камен пијани во такси. Таксистот ги гледа дека се дрво пијани па ја пали колата, вози три метри и ја гаси:
– Стигнавме момци, 500 денари.
Првиот искача и му се заблагодарува, вториот искача и му дава пари, а третиот на искачање му удира една заушка, а таксистот го прашува:
– Што ме удираш бе?!
– Што летиш будало една, сакаш ли сите да изгинеме?!

Брод

Жена го изневерува мажот и потоа се моли:
– Господи направи така, маж ми ништо да не разбере.
Во тишината слушнала глас:
– Добро, но по некое време ќе се удавиш!
По некое време, жената добила бесплатно прекуокеанско крстарење на наградна игра. Бродот почнал да тоне, а таа да моли:
– Господе, поради мене, сите ли ќе ги удавиш на бродот?
И пак слушнала глас:
– Цела година ве собирам, курви едни!

Глад

Синот го прашува Трпе:
– Тате, може ли да ги вратам шишињата од синоќа и со кауцијата да купам леб?
– Може бе сине, а бе ако не сум јас во оваа куќа, ќе умрете од глад!

Адреналин

Трпе му ѕвони на Цветко:
– Ало Цветко. Денес купив ново БМВ и кренав 300та на автопатот!
– И што? Се јавуваш да се пофалиш ли?!
– Не бе Цветко. Сакам да те прашам дали знаеш како се чисти адреналинот од седиштето?

Наставничка

Разговараат Трпе со син му:
– Сине, ти се допаѓа ли новата наставничка?
– Ми се допаѓа, тато. Таа е млада и убава, но не е многу паметна.
– Зошто така мислиш?
– Затоа што за сè, ме прашува мене!

Родител

Трпе се кара со неговиот син:
– По цели ноќи си со девојки цело време и цело сабајле спиеш, не си отишол на ниедно предавање!
– Ама, тато.
– Ш-ш-ш, замолчи! Кој е таткото овде? Ти или јас?!
– И двајцата тато и двајцата.

Фитнес

Девојка оди во теретана:
– Здраво, сакам да се запишам фитнес
– Новогодишна резолуција?
– Да!
– Добредојдовте, имаме еднодневни курсеви со 4 селфи!

Бројка

Трпе ја прашува Трпана:
– Душо, кажи ми ама искрено. Со колку мажи си била?
– Со дваесет!
– Ееее, а баш сакав да си била девица, кога се оженивме.
– Бев…