Газдата на една фирма, одлучил да му го препушти бизнисот на својот син. Син му дипломирал на еден од нашите приватни факултети. Првата задача му била да го намали бројот на вработените. Влегол во фирмата и почнал да ги набљудува работниците. Гледа дека сите работат освен еден, кој стоел до радијаторот во ходникот и гледа низ прозорот. Доаѓа до него и го прашува:
– Дечко колку изнесува твојата месечна плата.
– Па околу 15.000 денари!
Синот на газдата извадил пари од џебот и му рекол:
– Еве ти 15.000 денари плата за овој месец, и еве ти уште 50.000 денари и повеќе да не доаѓаш на работа.
Дечкото ги земал парите и насмеан си заминал од фирмата. А синот на газдата, воодушевен од својата постапка се свртел кон останатите работници и им рекол:
– Вака ќе биде со секој кој нема да работи, а сега нека ми го каже името на овој вработен за да го одјавам.
Сите молчеле освен шефот кој собрал храброст и му одговорил:
– Газда тоа беше Трпе, работи како Пица доставувач.
Сервис
Отишла плавуша со исчукана кола во сервис на пеглање. Сервисерот решил да се позафркава, па и рекол:
– Не ти треба пеглање, само дувај во ауспухот, сама ќе се исправи.
Се вратила плавушата дома и почнала да дува, ама ништо не се случило. Поминала друга плавуша и ја прашала:
– Што правиш, ма?
Објаснила оваа што прави, а другата со смеење искоментирала:
– Па, како ќе се исправат дупките, си ги оставила прозорците отворени.
Јагне
Кафич
Капка
Газдата на еден кафич бил толку сигурен дека неговиот шанкер е најсилниот човек во градот, што понудил 1000 евра на секој кој ќе успее да исцеди барем една капка сок од лимон кој најпрво шанкерот со раце ќе го исцеди.
Со месеци пробувале какви се не билдери, мајстори, фраери, ама никој не успеал. Еден ден доаѓа некое ситно човече во кафичов и бара да си ја проба среќата. Целиов кафич рикнал да се смее, арно ама решиле да му дадат да се обиде. Го исцедил лимонот шанкерот и згужваната кора му ја дал на малиот. Човеков го зема лимонот го стиснува и од него цеди цели 6 капки. Сите зачудени го прашуваат:
– Добро бе човек, што работиш ти, ковач си, ѕидар???
– Не бе, работам во даночно.
Влагање
Жмурка
Аристотел, Паскал и Њутн играле криенка. Прв кој мижел бил Аристотел. Додека броел, Паскал се скрил, а Њутн на земјата нацртал квадрат од 1х1 метар и застанал на него. Аристотел завршил со броењето, се свртел и го видел Њутн:
– Пу Њутн!
А Њутн одговара:
– Изгоре лончето, претече млекото, …Њутн на квадрат е Паскал.
Преглед
Бега
Сендвичара
Сомнителни
Поклон
Во еден бар седат заедно еден богат и еден сиромав.
Сиромавиот го прашува богатиот:
– Што и купи на жена ти за роденден?
– Мерцедес и 24 – каратен дијамантски прстен – одговара богатиот.
– Зошто си и купил две работи?!
– Па, ако не и се свиѓа прстенот, ќе се качи во мерцедесот и ќе оди да го врати.
Кратко време потоа ништо не зборуваат. Потоа богатиот прашува:
-А ти што и купи на жена ти?
– Јас и купив фикус, влечки и вибратор.
Богатиот се збунува малку, незгодно му е, но сепак прашува:
– Зошто си и купил три работи?
– Па ако не и се допаѓа фикусот може да си ги облече влечките и да оди да се ебе!