Математичар, сметководител и економист се пријавуваат за исто работно место. Менаџерот го повикува прв математичарот и го прашува:
– Колку се два плус два?
– Четири.
Менаџерот пак прашува:
– Четири, точно?
Математичарот го погледнува менаџерот зачудено и вика:
– Да, четири, точно.
Менаџерот после него го повикува сметководителот и го прашува истото прашање:
– Колку се два плус два?
Сметководителот одговара:
– Во просек, четири – додај одземи 10 проценти, но во просек четири.
И на крајот менаџерот го повикува економистот и го прашува истото прашање:
– Колку се два плус два?
Економистот станува, ја заклучува вратата, ги спушта ролетните, седнува до менаџерот и му вика:
– Колку ти би сакал да бидат?
Јадење
Грешка
Мачење
Брак
Јаболки
Жени
Математика
Доаѓа доктор во лудница за да му направи тестови на пациентите. Кој ќе го одговори прашањето ќе му биде дадена отпусница. Најпрво влегуваат три пациенти:
Првиот го прашува:
– Колку се 2+2?
– 300.
– Фала, ајде назад во собата.
Го прашува вториот:
– Колку се 2+2?
– Вторник.
– Фала, ајде и ти назад во собата.
Третиот:
– Колку се 2+2?
– 4.
Докорот ја потпишува отпусницата и му вика:
– Среќно само… можиш ли да ми кажиш како го доби бројот 4.
– Полесно здравје! 300 – Вторник = 4!
Стерилизација
Идеален маж
Пуштање
Одмор
Трпе и Цветко во канцеларија си разговараат:
– Трпе, ми дојде преку глава од работа, морам малку да одморам.
– Е, како ќе го изведеш тоа, жити се?
– Еве вака, – се качил Цветко на ормарот во канцеларија и се закачил со нозете да виси наопачки.
Влегува шефот:
– Шо праиш бе Цветко, нормален ли си ти?
– Јас сум сијалица шефе.
– А јас мислам да земеш ти неколку дена одмор, да одиш да се одмориш убаво.
Се симнува Цветко од ормарот и излегува да си оди дома, а Трпе тргнува по него:
– Трпе, кај си тргнал па ти?
– И ја си одам дома шефе, не можам да работам у темница.