Дома / Вицови (страна 289)

Вицови

Училиште

Оди Трпе на школо, ама веќе касни 30 минути. Влегува во училницата и професорката му вика:
– Каде беше до сега?
– Па професорке доаѓам на школо и по пат осеќам нешто ме боли, после некое време пак ме боли..
– И што те боли?
– Ме боли к*р ако доцнам на час.

Појаси

Цајкан во Охрид гледа кола со скопски регистрации и ја застанува. Чука на прозорот, му отвара возачов и цајканот го фаќа за појасот и вика:
– Морее скопјанишчаа! За две иљади денари ќе се задавет со ова појасиве!

Подарок

Трпе и Трпана слават годишница од брак.
– Трпе, ми купи ли нешто за подарок?
– Да, ти купив, плац.
Поминува една година, се наближува годишница и Трпана пак прашува:
– Абе Трпе, што ќе ми купиш оваа година за годишница?
– Е оваа година нема да ти купам ништо, ти уште не го искористи ланскиот подарок.

Средување

Се спремаат Трпе и Трпана за легнување:
– Трпано, дај ма малку среди се доле, напрај депилација, биди малку модерна.
– Е, да бе, после цела зграда да ме збори.

Камен пијан

Во судницата:
– Цветко, обвинет сте дека сте провалиле во зоолошка и сте се обиделе од кафезот да украдете коза!
– Господине судија, бев камен пијан, нишо не глеав, ни каде одам ни шо праам, појма неам како сум улетал таму.
– Е, како не, ако си бил пијан, што не си влегол кај лавот?

Средба

Се сретнале двајца пријатели на туристичко патување во Египет. Едниот Македонец другиот Грк. Гркот изненаден:
– Кај си бе човек, колку време те немам видено, баш тука кај пирамидиве да се сретнеме. Колку е мал светот!
А Македонецов:
– Не е светот мал, Македонија е голема!

Екипа

Играле фудбал мравки против слонови. Една мравка закаснила на натпреварот и кога стигнала го прашала судијата:
– Од која екипа сум?

Пиперки

Трпе отишол на одмор во Хрватска и Трпана го пратила на пазар.
– Колку пари се пиперките?
– 2 евра!!!
– Да не се полнети случајно?

Статистика

Цветко прочитал на интернет статистика дека секој Македонец пред бракот имал по 8 партнерки и искоментирал:
– Леле, некој се изнаебал на моја сметка!

Дечко

Шетаат мајката и ќеркичката во парк. На клупите забележуваат пар како се бакнуваат и тогаш ќеркичката:
– Мамо, јас кога ќе пораснам ќе имам дечко?
– Ќе имаш, ако бидеш добра.
– А ако не бидам добра?
– Е тогаш ќе ги имаш многу!

Колено

Отишла Трпана на доктор.
– Докторе што ми е ова под левата града?
– Госпоѓо тоа ви е коленото!