Дома / Вицови (страна 29)

Вицови

Оргазам

Оди Трпе на доктор:
– Докторе, жена ми не може да постигне оргазам!
– А како го правите сексот?
– Епа легнуваме на левата страна, и така секој пат.
– Зошто не пробате на десно?
– Како така бе докторе на десно, зарем со лицето кон мама?

Руска салата

Трпана ја прашува ќерка си:
– Ќерко, какви ти се плановите за Нова Година?
– Алкохол, секс, Руска салата…
– Што, што?!
– Се шегувам мамо, од каде пари за Руска салатa.

Кавалери

Влегува жена во авотбус и бара празно место за да седне.
Гледа дека сите седишта се зафатени од мажи.
– Добро бе, нема ли кавалери во автобусов?
Сите молчат, само Трпе дофрла:
– Има кавалери, ама место нема.

Череп

Професор им покажува черепи на своите студенти:
– Овде има два черепи. Дали знаете кој од нив е машки а кој женски?
– Нормално еве овој е женски. – покажува еден студент.
– Како познавте?
– Па вилицата е повеќе излижана на женскиот!

Поддршка

– Ало, техничка поддршка?
– Да.
– Кажете ми како да си го поврзам таблетoт со телевизорoт, за да гледам фудбал?
– Телевизорoт каква марка е?
– “ИСКРА”
– Залепете го со Селотејп на центар на екранот.

Марии

– На работа имаме три колешки со име – Марија. И кога ќе викнеш „Марија“, се вртат сите три, ама јас најдов решение, им додадов по една буква на името: Марија-А, Марија-В и Марија-С.
– Хм… по големината на градите ли?
– Да, ама тие се сетија… Сега јас сум Трпе-11.

Прва брачна ноќ

Невеста пред прва брачна ноќ, уплашена дека мажот ќе ја остави зошто не е невина отишла кај својата баба да се посоветува.
Бабата и кажала да стави слива долу и младоженецот кога ќе бута сливата ќе пукне или ќе падне.
Направила така невестата, ама ноќта сливата и паднала на кревет, а младоженецот ја изел.
Невестата исплашена дека нешто ќе му се случи зошто ја изел сливата трчала кај баба и да ја праша што да прави. А баба и и одговара:
– Е, внучке што си се уплашила толку, па дедо ти на времето цела диња изеде еднаш и ништо не му беше…

Левичар

Трпе го прашува Цветко:
– Зарем не ти пречи што си левичар?
– Не! Секој е посебен. Пример, ти со која рака го мешаш кафето?
– Со десната.
– Гледаш, нормалните луѓе го мешаат со лажица.

Милјардер

На интервју прашуваат бизнисмен:
– Како станавте милијардер?
– Па, станав милијардер благодарение на сопругата.
– Како тоа, ве молам објаснете.
– Ми беше интересно во која фаза ќе престане да се жалам дека немаме пари.

Време

Трпана му се дере на Трпе:
– Пијаницо една! Кое време се прибра дома?!
– Во 12 без 5!
– Лажеш! Се врати во 7 часот наутро.
– Точно, па 12 без 5 колку е, а?!

Шкаф

Плавуша во продавница за мебел гледа еден шкаф. Му се обраќа на продавачот:
– Се извинувам, овој шкаф многу ми се допаѓа, ама не знам дали ќе го собере во мојата кола.
– А каква кола имате?
– Зелена.
– А, да може и нема да го собере…

Брак

Малиот Трпе го прашува татко си:
– Тато, колку години сте ти и мама во брак?
– Скоро десет.
– А уште колку години ви остануваат?

Вера

– Љубов, сакаш ли да ме ожениш?
– Сакам љубов, ама мојата вера не ми дозволува!
– Која вера?
– Жена ми, Вера.