Трпана и Трпе живееле во гарсониера и имале четири деца. Вечерта на Трпана и се присакало.
– Немој сега Трпано, почекај децата цврсто да заспијат.
После некое време се јавува малиот Трпе:
– Ај тато, можеш сега, заспаа децата!
Следен
Некоја плавуша се сомневала дека мажот ја мами со друга, па отишла во продавница за оружје и купила пиштол. Се враќа таа дома и го начекува мажот со прекрасна црвенокоса во кревет. Плавушата го вади пиштолот и си го става на главата. Мажот целиот избезумен изрипува и почнува да се извинува, да ја моли и преколнува да не се убива. Плавушата без да го тргне пиштолот од својата глава хистерично одговара:
– Замолчи!!! Tи си следниот!
Конзерва
Лек
Трпана и Трпе отишле на гинеколог. Влегла Трпана во ординација и докторот откако детелно ја прегледал и рекол:
– Добро е Трпано, ајде излези надвор и кажи му на Трпе нека влезе малку.
– Што е работата докторе, кажи дали е нешто опасно?
И така влегол Трпе, а докторот му рекол:
– Трпе да ти кажам дека на Трпана не и е ништо, само и фали секс.
Кога Трпе излегол и рекол на Трпана:
– Трпано не ти е ништо, ама да ти кажам дека ти нема ни лек.
Грчки вирус
Крај на светот
Тепачка
Школска година
Си седел малиот Трпе на час, а неговата наставничка пишувала на табла.
Потоа се фатила за сунгерот да избрише и кога ја дигнала левата рака малиот Трпе извикал:
– Еее на наставничката и се гледаат влакната под левата рака!
Наставничката се дере кон него:
– Дома и не сакам да те видам на час една недела!
Тој после една недела се враќа на училиштето и така си седи на часот и тогаш наставничката ја подига десната рака и малиот Трпе пак:
– Еее наставничката има влакна под десната рака!
Таа се дере кон него:
– Дома и не сакам да те видам на училиште еден месец!
После еден месец малиот Трпе седи на часот, а наставничката пишува на табла и така облечена во мини сукњичка, пишувајќи и паѓа кредата.
И малиот Трпе си се врти, си ги собира книгите, го става ранецот на грб и наставничката се врти и го прашува:
– Трпе каде?
– Јас како што гледам оваа школска година за мене е завршена.
Помфрит
Чоколино
Утре
Рамче оди во војска и уште првиот ден морал да си оди, бидејки го повикала жена му. Генерал го пуштил и му рекол да се врати уште утре, а него го немало веќе 5 дена. На шестиот ден доаѓа и генералот му вели:
– Aјде бе Рамче! Каде си досега? Требаше да дојдеш уште утре!
-Да, но јас дојдов уште денес!