Дома / Вицови (страна 294)

Вицови

Патување

Била една плавуша на патување низ светот. Се вратила дома и другарките ја прашале:
– Какви беа Италијанците?
– Италијанците се многу културни и љубезни.
– Какви се Кинезите?
– Тие се фини луѓе.
– А пирамидите, ги виде ли? Какви се?
– А пирамидите се многу некултурен народ.

 

Најглупи

Си била некоја плавуша и со чамец веслала на сред поле. Дошле уште две плавуши и едната и вика на другата:
– Ете зошто нас не викаат најглупи.
Другата одговара:
– Е да, да знаев да пливам ќе и отидев и ќе ја удавев.

Поклон

Колегите на еден полицаец му подариле стан со тапети и го прашуваат утредента како му се свиѓал поклонот. Овој им вика:
– Чекајте бе, уште не сум го одвиткал цел.

Кандисување

Си биле ром и ромка и ромов и рекол на ромкава:
– Ај мори земи ме за маж.
– Неjќум бре.
– Ај мори земи ме за маж.
– Нејќум бре…
На крајот и рекол:
– А да видиш колкав ми е?
Ромката му рекла:
– Ту да пукниш ме кандиса со стапо.

Другарство

Доаѓа Трпе дома и ја фаќа Трпана во кревет со најдобриот другар. Без да трепне, го вади пиштолот и го убива. А Трпана му вика:
– Е мој Трпе, ако продолжиш вака, ќе ги изгубиш сите другари!

Дупче

Си бил некој цар и не знаел како да го именува царството. После некое време му текнало името Газ. За роденден добил поклон куче и го крстил Дупче. Еден ден кучето залутало и не можеле да го најдат и царот ги пратил старажарите да го бараат. Се враќаат и му викаат на царот:
– Цел Газ го пребаравме ама Дупче нигде не го најдовме!

Надвор

Што ќе се случи кога на Чак Норис ќе му речеш оди види дали сум надвор?
– Ќе те најде, а и плус ќе си го добиеш.

Расизам

Кременадла влегува во бар и вика:
– Може едно пиво?
Барменот одговара:
– НЕ! Не служиме храна овде!

Тоалет шоља

– Трпе дали ја знаеш разликата помеѓу тоалет шоља и туш кабина? -го прашува Цветко.
– Помеѓу тоалет шоља и туш кабина? ммммм… Не, зошто?
– А значи ти си тој што не знаел, а!

Вирус

Во Македонија е откриен нов вирус кој се шири помеѓу девојки од 20 до 30 години кои се склони на спонзоритис, вирусот е именуван или познат како X6Q7.

Дај малце

Одат двајца другари низ пустина и готово пред умирање, без храна и вода веќе подолго време. Одеднаш едниот го гледа другиот како џвака нешто и му вика:
– Дај бе малце и мене, не биди себичен!
А другиот му одговара:
– Ај не ми збори многу додека ги перам чорапите…