Дома / Вицови (страна 3)

Вицови

Брачна ноќ

Прва брачна ноќ. Трпе ја вика мајка си во 3 на полноќ:
– Што е проблемот синко?
– Мамо оваа Трпана цел ноќ лежи со раширени нозе, кај да легнам ја?

Секретарка

Директорот излегува од работа на пладне… На вилата со секретарката… Коњак. Бонбони. Заеднички туш. И после… Безумие… Жестоко… Вечерта се враќа дома. Уморен поглед. Обичен бакнеж. И молба кон сопругата:
– Те молам стави ја вечерата, денес се уморив како куче…
Жената оди во кујната. Кременадли. Пиво. Десерт. Легнуваат во спалната, свети само телевизорот.
Жената вели:
– Цел ден го чекам овој момент… Одвај дочекав да си дојдеш…
И наеднаш – СМС. Тој скокнува бос, брзо го грабнува телефонот од масата и трча во тоалетот. Се затвора внатре за да ја прочита пораката на раат:
„Те сакам! Мислиш ли на мене? Колку јако беше денес, колку чувства имаше! А тој фантастичен оргазам… Таква сласт и задоволство… Не ли е тоа Рајот?“
Тој брзо ја брише пораката. Си ја поправа пижамата, излегува и си мисли: „Мора да бидам повнимателен во иднина. Во душата ми е пролет, но не дај боже жена ми да разбере.“
А жената со ладен поглед го чека пред вратата и налутено му вели:
– Зошто го зеде мојот телефон…?

Пила

Беровец си купил моторна пила „Штил“. По една недела, компанијата добива писмо од Беровецот:
„Јас од вас купил моторна пила. Во упатството пишува дека може да сече по 50 кубика дрва на ден. Јас сечев цел ден – 20 кубика. Наредниот ден станав многу рано, цел ден сечев, без одмор, многу се изнамачив, но пак успеав да исечам само 30 кубика. Дојдете да видите зошто мојата моторна пила не работи како што треба!“
Од компанијата решиле да отидат да видат, бидејќи никој до тогаш им немал пријавено таков проблем. Отишле во Берово, го нашле човекот и тој почнал да сече пред нив. Исекол неколку дрва и им рекол:
– Еве! Цел ден сечам вака и одвај 30 кубика. Никако не можам да исечам повеќе!
Едниот од комисијата му вели на другиот:
– Што ли ќе се случи сега кога ќе му кажеме како се пали…?

Остров

Се сончаат Трпе и Трпана на плажа и Трпе опасно се напалува. Ѝ бара на Трпана, а оваа му вели:
– Не си нормален! Па сите овде гледаат.
– Ќе се покриеме со пешкирот – упорно навалува Трпе.
– Нема шанси! – Одбива Трпана.
– А да одиме на оној остров таму?
– Доста бе будало, па јас не знам да пливам – пак го одбива Трпана.
– Ај вака да направиме: Јас ќе пливам грбно, а ти фати се за него, гледаш ли како е исправен?!
– Абе ајде… а како ќе се вратам?

Казна

Полицаец и приоѓа на жена што вади пари од банкомат:
-Колата паркирана на пешачки, ваша ли е?
-Да.
-Извадете плус 50 евра…

Среќен брак

Трпе и Трпана слават 30 годишнина од бракот, а биле познати не само у Кавадарци, туку и у цела Македонија и у регионот, каа пар, шо у 30 години брак ниеднаш се немале скарано….
И на годишнин’та, од цела Македонија, море и пошироко, дошле новинарски и ТВ екипи, да дознаат у шо е тајната на толку успешниот брак…
Еден новинар го прашуе Трпе;
-Господине Трпе, тоа е невероватно како успеате, у шо е тајната….
Трпе а зима чаш’та со ракија, а маа на екс, се навалуе напред, и а почнуе прикаската;
-Каа се земе со Трпана, отидоме у Шпанија на меден месец и у аранжманот имаше една ден јаање на коњи..
Ги јаанаме тоа коњите, мене ми се погоди еден мирен и кроток коњ, а на ваа мојта ептен не мирен..
И каа шо јааме, виа нејзиниот изгледа се исплаши од нешто, и а исфрли од седлото, Трпана стана, а истреси прашин’та, го погали нежно коњот, и со благ глас му речи;
-Воа ти е прв пат…
Го јаана она и продолжиме, после некое време, виа па трзна и па а исфрли Трпана од седлото, стана она, го погали по грбот, и па му речи;
-Воа ти е втор пат….
Е по трет пат каа а исфрли од седлото, Трпана се исправи, го извади пиштолот, и му го истреска на коњот меѓу очи…
А ја изненаден и се издра;
-Пичка ти материна селска, салам ли си, знајш ли колку кошта еден ваков коњ….
Она се заврти, ме погледна нежно, и со најмил глас ми се обрати;
-Трпе, воа ти е прв пат……
И тоа е тоа, од тоги се неаме скарано и у се се слагаме….

Школки

Поминува Трпе преку Камен мост и го гледа Тарзан како се спрема да скокне во Вардар:
– Немој да скокаш, долу има многу школки!
– Јас сум Тарзан, крал на животните, не се плашам ниту од лавови, ниту од слонови а камоли од вашите школки.
Скокнал Тарзан и после 5 минути излегува целиот со крв и го прашува Трпе:
– Какви се тие школки на дното?
Трпе:
– Па има две од фиќо и една од лада…

Полиглот

Го прашале Трпе:
– Трпе колку јазици зборуваш?
– Осум.
-Еј, осум!? Ај кажи нешто на италијански.
– Бонжур.
– Ееее па тоа е француски…
– Епа тогаш девет.

Печурки

Донеле влаинка во итната медицинска помош и докторот ја прашал:
– Пак вие? Вчера ве спасивме затоа што сте јаделе отровни печурки, а денес?
– Исто, синко. Останаа од вчера, па реков да не ги фрламе.

Дупло

Трпе се враќа мртов пијан. Трпана со висок тон:
– Пак се врати мртов пијан, а?
– Те молам ќути, доволно сум казнет што те гледам дупло.

Сообраќајка

– Ало братучед, разбрав жена ти ја слупала колата. Да не е повредена?
– Уште не е. Се заклучила во бањата…

Крава

Трпана му се дере на Трпе:
– Уште еднаш кажи ми дека сум крава, се разведувам од тебе. А, сега си легнувам, нозете ме болат од работа.
– Предните или задните?