Љубовното созревање на еден маж
Кога имав 16 години, сонував да си имам девојка.
На 18, конечно најдов. Но, немаше никакви чувства. Па решив да барам сентиментална и многу чувствителна девојка.
На 21 година си најдов таква. Таа беше толку чувствителна што плачеше и за најмала работа. Таа плачеше по цел ден, а понекогаш се заканувал и дека ќе изврши самоубиство.
Па така решив дека ми треба темпераментна, динамична девојка.
Најдов на 26. Таа вриеше од енергија. Започнуваше десет работи во исто време, и без да ги заврши, следниот ден започнуваше нови десет.
Отпрвин беше многу интересно, но потоа се чувствував како идиот околу неа. Решив да барам паметна и практична девојка.
На 31 ја најдов и се оженив за неа. Таа беше многу паметна и тврдоглава со двете нозе цврсто на земја. Таа беше толку практична што се разведе од мене и ми зеде сè што имав.
Сега сум стар и мудар. И си барам девојка со големи гради!
Дедо Мраз
На Нова Година, Дедо Мраз ги испорачува подароците.
Брза како луд да стигне на време, испотен се протнува низ еден оџак и што да види.
Гола девојка спие откриена во креветот. Дедо Мраз си помислува:
– Дали да ја искористам или не?! Ако ја искористам нема да стигнам на време со поклоните. Ама ако не ја искористам нема да можам да се протнам пак низ оџакот…
Пилот
Гласови
Пари
Хор
Желба
Пратеник
Роботски муабет
Влегува еден човек во бар, каде наместо бармен стоел робот зад шанкот.
Оди човекот на барот, а роботот го прашува:
– Колкав е Вашиот IQ?
-150 – рекол човекот.
Роботот веднаш му налева 16-годишно виски и започнува разговор за глобалното затоплување, квантна механика, нанотехнологиите итн.
Човекот бил многу импресиониран и следниот ден решил да го тестира роботот.
Кога роботот го прашал за неговото IQ – тој кажал 80.
Веднаш роботот му сервирал пиво и почнал муабет за фудбал, карти, омилени јадења, жени итн.
Така заинтригиран, човекот се вратил и трет ден.
Тогаш на роботот му кажал дека има IQ е 0.
Роботот, без да го праша, му налева една ефтина жолта ракија и го прашува:
– И што ќе правиме сега? За кој ќе гласаме?
Медицина
Бебе
Детски додаток
Залетано влегува Трпе дома и задишан и вика на Трпана:
– Жено,дали слушна?
– Што?
– Владата одлучила да дава детски додаток на сите семејства кои имат по пет деца.
– Ама ние имамо само три.
– Ќе ми простиш жено, ама ја малку ти бев неверен едно време и у другото маало имам уште две вонбрачни деца.
Станува Трпе, и излегува од дома пак, а Трпана го прашува:
– Каде тргна?
– Идам да си ги земам децата и се враќам.
Се враќа Трпе дома со двете деца и ја прашува Трпана:
– Каде се другите три деца?
– Епа и комшиите чуле за новиот закон и дојдоа да си ги земат своите деца.
Ананас
Учителката им вели на децата на напишат реченица во која ќе го употребат зборот „ананас“.
Цветко:
– Ананас е јужно овошје.
Ана:
– Ананас е многу сладок плод.
Трпе:
– Тато е алкохоличар и ги пие сите пари, а дојде зима…
– Трпе, ти само глупости измислуваш! Каде е „ананас“ во твојата реченица?!
– Чекајте, не сум готов – …a-на-нас ни се е*а мајката од студ.