Дома / Вицови (страна 315)

Вицови

Каде е?

Си било едно дете и комшијата го прашал:
– Дете кај е татко ти?
– Татко ми пред седум дена падна во бунарот.
– И како е сега?
– Изгледа подобро му е, престана да вика.

На лов

Си биле Мујо и Хасо и Мујо му раскажувал на Хасо како поминал на лов. И Мујо му рекол:
– Да видиш Хасо кога одеднаш ми излезе мечка, и почнав да бегам. Како трчев мечката се лизна, стана и пак се лизна.
– Аман бре Мујо јас да сум бил на твое место ќе сум се посерел од страв.
– А што мислиш од што се лизна мечката?

Препознавање

Си прават муабет Мујо и Хасо и Мујо му вели на Хасо:

– Како успеваш да препознаеш машка и женска риба?

– Епа вака ќе фрлиш ронки и која ја изела е женска, а кој ја изел е машка!!!

Човекојадци

Татко и син човекојадци, талкаат низ шумата барајќи ручек. Одеднаш наидуваат на млада згодна туристка која очигледно залутала.
– Тато, ќе ја јадеме ли оваа!?
– Не сине, нејзе ќе ја земеме дома… Мајка ти ќе ја јадеме!

Тоалетна хартија

Шета Црвенкапа низ шумата и еден глас од грмушката ја прашува:
– Што имаш во кошничката, Црвенкапо?
– Сендвичи и колачи.
– Што друго?
– Пијалок, јаболка и цвеќе.
– А тоалетна хартија нема!?!

Индијанци

Разговараат татко и син, индијанци.
– Тато, зошто мојот брат се вика Покосено Сено?
– Сине, јас и мајка ти водевме љубов на покосено сено таа вечер, па тоа не инспирира.
– Добро тато, а зошто мојата сестра се вика Млада Месечина?
– Па неа кога ја зачнавме, беше романтична вечер, млада месечина, и за да се сеќаваме на таа вечер… туку сине Дупнат Кондом, зошто те интересира тоа?

Шахта

Си бил некој полицаец и пропаднал во шахта, пробал да искочи и не успеал и си помислил:
– Ах, да беше затворена шахтата никогаш немаше да искочам.

Секс

Се сексаат струмицанец и французинка на плажа. После таа му вели:
-ж тем,ж тем!
А овој и вели:
-е как нема да жтејш гледи каква песок има, ти кажах да постелме…

Јогурт

Зошто плавуша го отвора јогуртот во продавница?
-Затоа што на јогуртот пишува: Отвори овде.

Јагоди

Една мечка си отворила продавница и уште истиот ден дошол зајакот и прашал:
-Имате ли јагоди?
-Не
И се така зајакот ја прашувал мечката 21 ден и на мечката и дошло преку глава и му рекла:
-Ако уште еднаш ме прашаш дали имам јагоди ќе земам шајќи и ќе те заковам на ѕидот!
Другиот ден зајакот повторно дошшол во продавницата и прашал:
-Имате ли шајќи?
-Немаме.
-А јагоди дали имате?

Прст

Што ти останува кога Чак Норис ќе ти покаже среден прст?
Една секунда живот!