Дома / Вицови (страна 333)

Вицови

Годишнина

Си бил еден многи стар брачен пар. Дедото бил 80 години а бабата 79. Дедото си седел на каучот и гледал телевизија, а бабата идела со чај во рацете и му го дала и рекла:
– Дедо денеска ни е годишнината од бракот!
A тој прашал:
На кој програм?

Желки

Си биле две желки и оделе по пустина. И наеднаш дошле до една палма со вода. И сега ако првата испиела тогаш ќе немало вода за другата а ако втората пиела ќе немало вода за првата. А се гаделе заедно да пијат. И на првата желка и текнало да појде да земе цевки. И отишла првава по цевки и вторава ја чекала 100,150,200,250,300 години… и била жедна и почнала да пие од водата. И тогаш првата излегува од зад палмата и вели:
– ако вака правиш поарно да не тргнувам.

Доцнење

Ако Чак Норис треба да оди на состанок во 10 часот, а Чак Норис ќе стане во 9 ч и 59 минути подобро ќе му е на времето да застане!

Прашина

Отишол Цветко во полициска станица целиот истепан со модрици, и го прашуваат:
– Кој те истепа така бе?
– Жена ми
– А зошто?
– Па ме праша што има на телевизија, а јас и реков дека има прашин.

Проблем

Што е проблемот со вицовите за политичари?
-Тоа што политичарите мислат дека не се смешни, а сите други луѓе мислат дека не се вицови.

Мртва птица

Се шетале 2 плавуши по плажа и едната здогледува мртва птица:
– Леле, гледај кутрата птица е мртва.
А другата плавуша гледа во небото и вика:
– Каде е?

Куклена претстава

Некој вентрилоквист приредувал претстава. Таму , со неговата кукла кажувал секакви вицеви, вклучувајќи и вицови за плавуши. По еден час, некоја плавуша не можела да издржи повеќе и почнува:
-Како не ти е срам да кажуваш такви вицови. Зар бојата на косата не прави нас, плавушите, некакви други суштества, а не луѓе? Зошто мора секој да не дискриминира за постојано да не исмеваат? Заради луѓе како вас ние не сме прифатени како нормални човечки суштества во општеството.
Вентрилоквистот  почнува да се извинува , а плавушата:
-Ма ќути ти, не ти зборам тебе, на таа куклата и зборам.

Ресторан

Таткото и синовите отишле во ресторан и едниот син го прашува татко му:
– Тато зошто овој ресторан е толку познат и елитен?
– Бидејќи овде доаѓаат премиерот, претседателот, министрите и други политичари.
Вториот син го прашал:
– А тато, во овој ресторан доаѓаат луѓе?

Филтер 57

Цветко отишол во Словенија и сакал да купи кутија од (легендарните) цигари „Филтер 57“. Дошол до трафиката и рекол:
– Дајте ми кутија  „Филтер 57“.
Продавачот: – Не вем кај је пак то?
Цветко застанал на страна и почекал да дојде некој Словенец, да види како овој ќе купи цигари. Доаѓа Јанез и вели:
– Просим лепо, ен Филтер седем ин педесет.
Трајче веднаш потоа: – Дајте ми и мене една кутија десет до осам!

Секс

Дедо, дедо…знајш шо е секс???
Знам!
Е шо е?
Да станиш на сабајле, да исцепиш дрва, да запалиш оган, да појдиш до продавница, да купиш леб, да купиш млеко, да се вратиш, да….
Еееееееее дедо!? Тоa не е секс!
Незнам внуче ама мене бабати секое сабајле така ме ебава!

Гума

Професорот ги прашува учениците дали некој има гума,а некој од учениците прашува:
Каква гума,внатрешна?

Правење

Трпе се враќа од школо дома, и слуша некои чудни звуци од спалната соба од татко му и мајка му. Влага внатре, ги гледа двајцата голи еден на друг. И ги прашува:
– тато што и правиш на мама?
Таткото се засрамил и му рекол. Еве сине и правам на мајкати бебе. Трпе се насмеал и легнал до нив и му рекол на татко му:
– тато ај мене направими камионче.

Невиност

Чак Норис ја изгубил невиноста пред татко му. Ко се родил вечерта имал секс со докторката. Тој нејзи и бил прв. А таа нему Петта.