Застанува Трпе да се измери на вага и го вовлекува стомакот.
– Тоа нема да ти помогне – му вели Трпана.
– Помага, помага. Инаку не можам да ги видам бројките.
Црешни
Дипли
Бурек
Влегува полицаец во пекара:
– Добар ден, дајте ми бурек!
– Немаме бурек, се потроши.
– Дајте ми тогаш со месо.
– Господине немаме бурек.
– Епа тогаш дајте ми со сирење.
Продавачката се изнервирала и се јавила кај шефот на полициската станица, а тој и рекол:
– Е штом така ти правел, требало да го земеш бурекот и да му го мавнеш од глава.
Магаре
Се вози попот со кола и наидува на мртво магаре на патот. Се јавува во полиција:
– Се јавува попот. Има едно мртво магаре на патот па се јавувам да го отстраните некој да не се истумба.
Полицаецот, сакајки да се нашали, му вели:
– Попе, молитва дали му отпеавте на магарето?
Попот на тоа одговара:
– Не сум, сега ќе го отпеам, туку прво сакав на роднините да им јавам.
Облог
Богат француски производител на вино дошол во некое кафанче во Кавадарци и ставил 5.000 евра на масата и рекол:
– Кој може на екс да испие 5 литри вино ќе ги добие парите.
– Јас! – рекол Трпе, само да ме почекате 30 минути. Французинот се согласил.
По 30 минути се враќа Трпе и за 20 секунди испил 5 литри вино.
Французинот му ги дал парите и го прашал зошто чекал 30 минути за да ги испие 5-те литри вино:
– Пааа…бев до дома да видам дали стварно можам, за да не се брукам пред пријателите.
Ехо
Планинареле Македонец, Американец и Кинез се качиле на некој врв и нашиов прв почнал да вика:
– Теее саакааам!!!
И низ планината одекнало
– Тее саакааам, тее саакааам…
Американецот извикнал:
– I loove yoouuu!!!
А ехото одговорило:
– I loove yoouuu, I loove yoouuu…
Кинезот извикал:
– 我愛你!!!
А ехото:
— Кааакоооооо?!
Раскинување
Драги, меѓу нас е готово”. Така гласи стандардната реченица, додека таа стои на врата, решена да замине… . Каква е неговата реакција? Зависи:
Атеист: Не ми се верува.
Будист: Само ти да си среќна.
Католик: Јас сум крив.
Евреин: Ќе ти вратам.
Меланхолик: Ќе се убијам!
Колерик: Ќе те убијам!
Апатичар: Добро.
Песимист: Знаев!
Оптимист: Земи клуч за секој случај.
Реалист: Тоа е мој куфер!
Наивен: Кога се враќаш?
Скептик: Сигурна си?
Филозоф: Зошто баш денес?
Адвокат: Тоа ќе кошта.
Банкар: Тоа ќе ме кошта.
Јапи: Колкава му е платата?
Либерал: Конечно слободен!
Зелен: Оди со точак.
Готвач: Ми го збибери.
Полицаец: Застани, ќе пукам.
Математичар: Лошо си се пресметала.
Поет: Готово-мотово?
Физичар: Закон си.
Новинар: Шокантно! Скандалозно!
Твитерџија: Ретвитни ме понекогаш.
Пекар: Враќај се, не јади бурек.
Аеродромец: Само да не е од Центар.
Центарец: Марш бре сељанко.
Охриѓанец: Ам за смештај шо ќе прајте?
Чешање
Склероза
Богат 90 годишен дедо се оженил со некоја доста помлада од него, 25 годишна женска.
Прва брачна ноќ. Дедото чука на вратата од спалната и вели:
– Мила, може да си ја извршам брачната обврска?
– Секако.
Дедото влегува во спалната, завршуваат работа и излегува.
После неколку минути пак се враќаа. Дедото пак завршува работа и си оди. Така повеќе пати се повторува и на 17-тиот пат женската не издржала и го прашала:
– Мажу, како може човек на твоја возраст да има секс 17 пати?
Дедото се плеска со раката по челото:
– 17 пати?! Ебати склерозата…
Домашна
Настинка
Балкански тројки
Грчка тојка: двајца мажи и еден маж.
Бугарска тројка: двајца имаат секс, третиот внимава да не им ја украдат облеката.
Српска тројка: еден прави скара, друг салата, трет пие ракија.
Руска тројка: маж, жена и мечка.
Студентска тојка: двајца имаат секс, третиот се преправа дека спие.
Влашка тројка: тројца во кревет, никој не дава.
Македонска тројка: еден имал секс, двајца му завидуваат.
Албанска тројка: Голф тројка.
Живот
Трпе и раскажува на жена си:
– Жено, си мислам, како се тркалаат годините… Имаме куќа, вила, две коли и две деца.
А се сеќаваш ли на времето – живеевме под кирија, возевме велосипеди и постојано немавме пари.
Ама, од друга страна пак, секоја вечер си легнував со дваесетгодишна…
– Легни си ти пак со некоја двадесетгодишна и ќе видиш како ќе ти се вратат и точакот и киријата и беспарицата!