Се возела подморница во пустина и удрила во кактус. Од подморницата излегла кокошка и сретнала шатка. Шатката ја прашала кокошката колку е часот, а кокошката извадила топломер и кажала дека е четврток!
Дете во лошо друштво
Си било едно дете кое почнало да се дружи со лошо друштво. Така еден ден слушнало збор пенис. Веднаш отишло кај татко му и го прашало:
– Тато што е тоа пенис?
-Тоа е сине она на кое што седиме!
Другиот ден слушнало збор сперма. Веднаш отишло кај татко му и го прашало:
– Тато што е тоа сперма?
-Тоа ти е сине она што го пиеме!
Третиот ден слушнало збор вагина. Веднаш отишло кај татко му и го прашало:
– Тато што е тоа вагина?
-Тоа е кокошка сине!
И така после неколку денови доаѓаат гости кај нив и детето:
– Добредојдовте седнете на пенисите напијте се од спермава мајка ми сега ќе дојде таа е во кујната ја скубе вагината!
Температура
Коцка чоколадо
Комарец
Си бил некој комарец, назгазнал во лед и му се заледила ногата.
Отишол кај сонцето и рекол:
-Сонце ти се молам огреј за да се стопи ледот и да си ја извадам ногата.
Сонцето рекло:
-Неможам оди кај облаците!
Отишол комарецот кај облаците и им рекол:
-Облаци ве молам тргнете се за сонцето да огрее да се стопи ледот и да си ја извадам ногата.
Облаците рекле:
-Неможеме оди кај ветерот!
Отишол комарецот кај ветерот и рекол:
-Ветру ти се молам дувни да се тргнат облаците да огрее сонцето да го стопи ледот и да си ја извадам ногата.
Ветрот рекол:
-Неможам оди кај планината!
Отишол комарецот и кај планината и и рекол:
-Планино ти се молам тргни се за да продува ветерот да се тргнат облаците да огрее сонцето да го стопи ледот и да си ја извадам ногата.
Планината рекла:
-Неможам оди кај реката!
Отишол комарецот кај реката и и рекол:
-Реко ти се молам тргни се за да се тргне планината да продува ветерот да се тргнат облаците да огрее сонцето да го стопи ледот и да си ја извадам ногата.
Реката рекла:
-Неможам оди кај рибите!
Отишол комарецот и кај рибите и рекол:
-Риби ви се молам тргнете се да се тргне реката да се тргне планината да продува ветерот да се тргнат облаците да огрее сонцето да го стопи ледот и да си ја извадам ногата.
Рибите рекле:
-Неможеме оди кај рибарот!
Отишол комарецот и кај рибарот и рибарот рекол:
-Еее комарец! – и го убил
Штрк
Слон
Иронија
Ирак
Повик
Кралицата Елизабета, Џорџ Буш и Бранко Црвенковски заедно отишле директно во пеколот.
По некое време, Кралицата рекла:
– Ми недостасува Англија. Сакам да се јавам и да видам што прават сите луѓе таму.
Завртила, разговарала 5 минути и го прашала Ѓаволот колку должи.
– Пет милиони фунти, рекол тој, Елизабета напишала чек и му го дала.
По некое време, Буш станал љубоморен и почнал да вреска:
– Сега јас сум на ред! Да завртам во Америка и да ги прашам сите како живеат без мене!
Завртил, муабетел 2 минути, прашал колку потрошил, Ѓаволот му рекол 10 милиони долари, овој напишал чек и се смирил.
Бранко станал уште пољубоморен и државнички извикал:
– И јас сакам! Сакам да видам што прават луѓето во Македонија! Сакам да разговарам со сите! Со мојот кабинет, со Шема, со Медо, со Коста, ма со сите!
Завртил во Македонија, зборел, зборел, зборел… го фатило 2 саата муабет. Конечно спуштил и прашал:
– Колку дужам?
– Десет денари, рекол Ѓаволот.
– Како тоа 10 денари? Ови разговараа само неколку минути па платија еден тон пари а јас за два саата само 10 денари?
– Знаеш, кога вртиш од еден пекол во друг, тоа ти е локален повик.
Кујнски дневник
Понеделник
Се преселивме во новата куќа, многу ми е забавно да му готвам на мојот Перо. Денеска му направив многу убав колач по рецептата: “Одвоено мешајте 12 јајца”. Но иако немав доволно садови за мешање морав да позајмам од соседството за да ги изматам сите јајца одвоено. НО на крај сето тоа ми се исплати бидејќи колачот испадна супер.
Повеќе…