Дома / Вицови (страна 353)

Вицови

Бел коњ

Отишла Македонската делегација на гробот на Александар Македонски. Се доближил Груевски до гробот, и слушнал некој глас:
-„Николче, ти зборува Александар Македонски. Наредниот пат кога ќе дојдеш да ме посетиш, дојди на бел коњ“.
Груевски се зачудил кога го слушнал тоа, се вратил во Скопје и го викнал Караманлис, за да одат заедно и да се увери и тој што се случило. Отишле, и кога се доближале до гробот слушнале:
-„Абе Николче, ти реков на бел коњ, не на нилски коњ“

Политичари

Нашите политичари се делат на левичари и десничари.  Зависи од тоа која половина на мозокот не им функционира.

Оглас

Продавам автомобил, има поминато над 80.000 км и преку двајца пешаци.

Каде е бомбата?

Една чета партизани зазела една висорамнина.  И ете ти наредба висорамнината да се сочува по секоја цена.  Ама Германците навалиле, ја опколиле од сите страни, а муниција и храна полека снемува и нема шанси да се издржи таму. Капетанот одлучил четата да изврши пробив низ тесно грло што германците се уште не го зазеле, да дојде до муниција и храна, па некако да се врати назад и да ја држи и понатаму висорамнината под своја контрола. Но некој морал да остане на сегашниве позиции.
– Рамче! -викнал капетанот по единствениот Ром во четата. 
– Изволи, гос`н капетан! -јас со четата одам по муниција и храна, а твоја задача е да ја сочуваш висорамнината како знаеш и умееш. Еве ти шлем и три бомби, нема повеќе, па гледај што знаеш прави.

Повеќе…

Молчење

Зошто ти секогаш молчиш кога женати дома пее?
– Затоа што сакам со минута молчење да му се извинам на авторот на песната.

Духот со модрото око

Си биле Македонец, Грк и Французин и отишле во хотел да спијат. Секој спиел во посебна соба и наеднаш кај Гркот на врата тропа некој и влегол и рекол јас сум духот со модрото око и Гркот се уплашил и се фрлил од прозор.  Потоа некој чукнал на врата кај Французинот и влегол и рекол јас сум духот со модрото око и Французинот се фрлил од балкон и  на крај духот влегол кај Македонецот и рекол јас сум духот со модрото око и Македонецот му рекол море мрш надвор да не ти го помодрам и другото око.

Крали Марко

Си биле  Канаѓанец, Французин, Енглез, Персијанец, Грк, и Македонец и сега имало многу публика и сите требале да кажат нешто и публиката да им даде аплауз и излага прв Французинов и вика Ајфелова кула и сите аплауз му дале излага врот Англицанецов и вика кралица ЕЛИЗАБЕТА и сите аплауз му дале излага трет Персијанецов и вика Персиски килим и сите аплауз му дале излага четрвти Грков и вика Грчка митлогија и сите аплауз му дале излага пети Канаѓанецов и вика Канаѓанска музика и сите аплауз му дале и излага шести Македонецов и вика абе вие го знаете КРАЛИ МАРКО и сите се чудат кој е тој кој е тој и Македонецов им рекол епа сеа ќе ви кажам Крали Марко ја ебел кралица Елизабета под  Ајфелова кула на Персискиј килим додека слушале Канадска музика ако не верувате во ова, прочитајте го во грчка митологија и сите му дале голем аплауз.
 

Натпис

Еден волк скрил шише виски под едно дрво и ставил натпис: "Ова не е виски"
Заминал и кога се вратил по некое време,не го нашол вискито, но затекнал натпис: "Зајакот не го зеде".