СМС од синот:
“Тато, вечерва нема да си дојдам дома. Ќе учиме физика со Трпана.”
СМС од таткото:
“Сине, стави му корица на учебникот.”
Риба
Затвор
Нов затвореник штотуку пристигнат во затворот. Чуварот го теши:
– Мирно и пополека! Што се десет години, нема ни да почувстуваш како ќе летнат. Тука животот баш ни е возбудлив. Секој ден е со разна тематика. Понеделник е ден за фудбал. Сите трчаме по топката во дворот. Ти сакаш ли фудбал?
– Паа, не. Не го сакам спортот.
– Ех, добро. Вторник ќе ти се допадне – тогаш играме карти, шах, што сакаш. Сакаш ли карти?
– Неее, не играм карти!
– Добро де, ете среда е ден за сeкс. Ти сeкс со жени ли сакаш или со мажи?
– Со жени!
– Ееее, тоа значи и средата нема да ти се допадне…
Поучна приказна
Му стига на Трпе препорачано писмо од УЈП, лично таму да се појави, бидејќи многу малку приход пријавил за данок.
Прво отишол кај сметководителката да се консултира, и сметководителката му вика:
– Облечи го нај старото одело, да изгледаш сиромав, они да видат дека немаш пари, и дека го имаат погрешено пресметано данокот.
Трпе за секој случај отишол и кај адвокат, и овој му рекол:
– Море облечи го најубавото одело што го имаш, ќе видат дека ги почитуваш и може ќе ти ја намалат цифрата за плаќање данок.
Трпе збунет, отишол и кај попот, и него да го праша.
Попот молчел некое време, и му рекол:
– Ќе ти кажам една приказна Трпе… Во очи на свадба младата невеста ја прашува мајка си, каква спаваќа да облече за првата брачна ноќ. Мајка и рекла долга со долги ракави, после ја прашала сестра си, а она и рекла куса и секси спаваќа…
– Ама попе што има врска оваа приказна со мене?!
– Иста е како твојот случај бе Трпе, што и да облечиш, ќе те ебат!
Женење
Исповед
Трпе го сретнува Цветко и го прашува:
– Цветко, ти од кога се немаш исповедано?
– Има три години.
– Ќе сакаш ли да ми направиш услуга, оди кај попот и задржи го што подолго, сакам да идам кај попадијата.
Оди Цветко, и расправа нашироко за сите гревови, и на крајот го кажува и последниот грев, зошто дошол кај попот.
Попот му вика:
– А бе будала, попадијата е умрена една година, трчај бргу дома!
Операција
Пијаница
Седи пијаница на тротоар пред ноќен бар. Му приоѓа Цветко и го прашува дали му е добро.
– Дали знаеш кој сум јас? – го прашува пијаницата.
– Не, кажи ми.
– Јас сум Господ, а ако не веруваш, ќе ти докажам. Дојди и ќе видиш.
Влегуваат двајцата во барот и шанкерот ги гледа и вика:
– Господе Боже, пак ти!
Шопинг терапија
Влав оди на психијатар, многу тажен и во депресија.
Психијатарот:
– Според мене, вашата тага е резултат на нетрошењето пари. Направете една шопинг терапија и проблемите ќе исчезнат.
– Каква е таа шопинг терапија?
– Отидете еднаш во трговски центар и потрошете многу пари, купете си сѐ што ќе посакате.
Го послушал докторот и наредната недела се враќа на контрола, но пак тажен.
– Ми го послушавте ли советот? – Прашува психијатарот.
– Да, но нема никаков ефект.
– Колку пари потрошивте?
– 30.000 денари.
– Па тоа е солидна сума, би требало да има ефект. А што си купивте?
– 500 евра.