Дома / Вицови (страна 37)

Вицови

Шефот

Поп лета во авион и стјуардесата го прашува:
– Попе, ќе се напиете нешто? Има виски, коњак, вино?
– На која висина летаме?
– 8 илјади метри.
– А не, фала, многу сме високо, шефот може да ме види.

Отсуство

Учителката го прашува малиот Трпе:
– Трпе зошто вчера не беше во училиште?
– Затоа што брат ми беше болен, учителке.
– А ти што правеше?
– Јас му го возев точакот.

Ќотек

Малиот Трпе го прашува малиот Цветко:
– Те тепаа за кецот по математика?
– Не. Се снајдов.
– Е како?
– Му ставив кондом на татко ми во џеб и цел ден мајка ми него му се дереше!

Знаење

Се прибира Трпе дома, а Трпана нервозно:
– Се’ знам гаду еден!
– Така ли? Ај кажи колку притоки има Брегалница од левата страна?!

Втора жена

Цветко ѕвони среде ноќ на матичниот лекар:
– Докторе изгледа жена ми има воспалено слепо црево…
– Не е можно! Пред две години и го извадија слепото црево на жена ти, а јас досега не сум слушнал некој да има две слепи црева!
– А за втора жена си слушнал ли?!

Печурки

На час по биологија децата учеле за печурки и учителката ги прашува децата дали знат некои видови на печурки.
Цветко: Лисичарка.
Учителката: Браво Цветко, друг?
Столе: Буковка.
Учителката: Браво, друг.
Трпе: Јас знам учителке, дупач!
Учителката: Па добро бе Трпе, каде имаш видено таква печурка, како не ти е срам?
Трпе: Па мајка ми и комшивката одат по печурки стално, а комшивката и вели на мајка ми ајде да одиме по печурки, може ќе најдеме некој дупач!

Сфаќање

Девојка седи на клупа во парк и јаде сладолед. Некој дечко и приоѓа:
– Еј, здраво, може ли да те прашам нешто?
– Секако! – одговара таа.
– Ама, не знам баш… Знам дека ќе ме сфатиш погрешно!
– Неее, нее, прашај!
– Смеам ли да лижнам еднаш?
Девојката му го подава својот сладолед, а тој коментира:
– Ете гледаш, погрешно сфати..

Гипс

Докторот на пациентот:
– Господине, ќе мораме да Ви ставиме гипс на раката…
– Каков гипс!? Зар јас за тоа 20 години работев во Германија?! Имам пари! Ќе ми ставите мермер!

Срца

Попот го сретнал Трпе и му вели:
– Денеска венчав три пара, и сега седум срца се исполнети со радост!
– Попе, сакаш да кажeш шест срца.
– Ти да не мислиш дека ги венчав без пари?!

Доверба

Трпана го прашува Трпе:
– Драги, ми веруваш, нели?
– Да душо, се разбира дека ти верувам.
– Знаеш дека никогаш не би те излажала, така?
– Секако!
– Бандерата на паркингот ме удри додека паркирав!