Дома / Вицови (страна 38)

Вицови

Мачор

Атрактивна девојка во автобус држи мачор кој и се умилкува во пределот на градите.
Дечко кој седи до неа пробува некако да и направи муабет:
– Уф колку би сакал да сум на местото на вашиот мачор… Каде го носите?
– На кастрација!

Професија

Учителката ги прашува децата што би сакале да бидат кога ќе пораснат:
– Трпе ти што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш?
– Јас учителке сакам да бидам успешен и на жена ми да и купам јахта, дијаманти, замок, ферари…
– Браво Трпе, убаво. А ти Цветко?
– Јас учителке сакав да бидам космонаут, ама сега сакам да бидам жена на Трпе!

Штрк

Малиот Трпе ја прашува мајка си:
– Мамо, што прави штркот, од кога ќе го донесе бебето?
– Лежи на троседот, гледа фудбал, пие пиво и игра на компјутерот!

Крава

Малиот Трпе ја прашува мајка си:
– Мамо каде е кравата на тато?
– Што збориш сине, татко ти нема крава.
– Е како нема, кога прееска и кажа на комшивката дека има подобро тело од неговата крава!

Пенкало

Во училиште, учениците прават тест, наставничката го прашува малиот Трпе:
– Трпе зошто не пишуваш?
– Го изгубив пенкалото.
– Зошто не му кажа на татко ти?
– Да бе, не сум луд. Пред 2 недели ќе ја убиеше сестра ми дека изгубила некаков циклус…

Јајце

Лета врапче, се мачи, потејќи се, носи антилопа. Две други врапчиња седат на гранка и си зборат:
– Што не е во ред со него?!
– Абе остај, некој му фрли јајце од крокодил во гнездото.

Животински суд

Животните во шумата си направиле суд. Лавот е судијата, а жабата е обвинител. Го суделе штркот за нешто.
Жаба како обвинител вели:
– Постојат отежнувачки околности! Тој јаде жаби! Предлагам да му ја отсечете главата!
Лавот како судија одговара:
– Па, како за прв прекршок не може толку строго. Можеме да му ја исечеме опашката, на пример.
А жабата враќа:
– Добро, ќе му ја исечеме опашката се до вратот!

Најстаро животно

Малиот Трпе го прашува татко си:
– Тато, кое животно е најстаро?
– Зебрата, сине.
– Од каде знаеш?
– Па, сите животни се во боја, само таа е црно-бела!

Заплена

На граничен премин, полицаец му се јавува на службеникот на должност:
– Здраво шефе, пронајдовме 170 килограми кокаин.
– Што 120?
– Да 90!
– Не можам да те чујам добро, ми прекинуваш! Рече 50тина?
– Да 30!
– Па, не ми се јавувај за ништо!

Природа

Две плавуши шетаат на Водно и едната и кажува на другата:
– Колку убава природа.
А другата и одговара:
– Не гледам ништо од дрвата!

Празник

Полицаец сопира возило:
– Господине зошто возевте толку брзо?!
– Се заседнавме со пријателите, слвевме Илинден, а жена ми дома сигурно загрижено ме чека.
– Ама господине, Илинден беше пред две недели!
– Па затоа и јас брзам!

Бензин

Застанува плавуша на бензиска, работникот на пумпата ја прашува:
– 95 или 98 сакате?
Плавушата го гледа зачудено и го прашува:
– А што немате од оваа година?!