Дома / Вицови (страна 386)

Вицови

Лео

Излегува мајката од куќата и го повикува нејзиниот син што си игра во дворот.
– Лео, Лео, ајде дојди, ручекот е готов.
Подоцна соседите и викаат:
– Зошто го викаш детето Лео кога тоа не се вика така.
И мајката одговара:
– Епа така нагалено го викам затоа што има леукемија!

Во парк

На клупа во паркот седат двајца вљубени. Се бакнуваат тие така кога одеднаш мажот забележува, дека крај нив стои некој тип, ги гледа и повремено и дава некакви знаци на неговата девојка.
– Што сакаш ти, бе? Што си зинал? – скокнува вљубениот.
– Ајде марш од тука!
– Веднаш ке си одам, само сакам жена ми да ја замолам да ми го даде клучот од дома.

На пат

Тргнале Мујо и Хасо за Белград ,ама немале многу пари. После три дена стигнале некако, ама живи гладни ништо не јаделе.

Поминале покрај некоја кафана и влегле да прашаат што имат за јадење. Келнерот му рекол дека има само граф и тоа три дена стар. Хасо изел три тањири а Mујо не сакал. После отишле во хотел да спијат.Хасо заспал прв ,и почнал да прди и толку засмрдело што Мујо не можел да заспие. Влегол во тоалет и нашол црево 10 метри долго, па едниот крај го ставил во газот од Хасо а другиот низ прозор, и така заспал. Сабајлето станал Мујо прв и отишол да пие кафе. После некое време слегол Хасо целиот испотен. Мујо го прашал што му е,а Хасо му одговорил цела ноќ сум прдел па ми излегло газното црево па дур го вратив назад мака си видов. 

 

Госпоѓа

Влегува една госпоѓа во бутик, и ја прашува продавачката, инаку плавуша:
– Извинете, дали може да го пробам оној фустан во излогот?
– Е, нема да може, ќе мора да ја пробате во гардероба.

Перење

Се шетале маж и жена низ чаршија и мажот видел некоја убава жена, згодна, и мажот и рекол на својата жена дека таа изгледа како машина за перење. а таа не му рекла ништо. Вечерта мажот и рекол на жена му да водат љубов, а таа му рекла дека за едно парталче не ја уклучува машината. Поминало извесно време и жена му сакала да води љубов со маж и но не знаела како да му речи, се досетила и му реклa на детето: "Оди да му кажиш на татко ти дека машината за перење е уклучена", но таткото одговорил дека испрал рачно.

Баксуз

Се буди Трпе од кома, Трпана седи до него и целата е среќна:
– Трпано се сеќаваш ли ти, кога ја изгубив работата, сите ми се смееја само ти беше со мене?
– Да душо.
– А, се сеќаваш кога ми пропадна бизнисот, ти пак беше со мене?
– Да злато.
– А, кога се слупав со колата, 10 дена и ноќи ти беше до мене?
– Да бе миличок.
– И, знаеш до каков заклучок дојдов после толку време?
– Кажи срце.
– Баксуз си ми Трпано, баксуз!

Влакна

Се шетале две влакна, едното го згазилот кола, а другото рекло:
– Туу ме промаши за влакно.

Кикиритка

Седел Трпе дома, си фрлал кикирики во вис и ги фаќал со уста. Во еден момент го викнала Трпана, он се свртел и кикириката му влегла во уше. Се обидувал Трпе да ја извади кикириката од уше, никако не му успевало. Дошла и Трпана на помош, но никако не им одела работата. По некое време се вратила ќерката од град заедно со нејзиниот дечко. Им раскажале што се случило, дека сакаат да одат кај доктор, но тогаш момчето рекло:
-Нема проблем, не треба да одите кај доктор, сега јас ќе ти помогнам, – му ставил на Трпе два прста во нос и му рекол силно да дувне. Трпе силно дувнал и кикириката излетала од увото. Сите биле среќни и весели, момчето се поздравило и си отишло. Трпана цела среќна му рекла на Трпе:
– Леле колку фино момче, што мислиш што ќе биде кога ќе порасне?
– Па, како му мирисаат прстите, сигурно ќе ни биде зет!

Лажов

Секретарката му кажува на Никола Груевски:
– Тука е еден новинар, сака изјава.
– Ма нека одат у бестрага тие чкрабала, стално ме прават лажов.
– Па, што да му кажам?
– Кажи му дека не сум тука.

Кичевчанка

Дечко и се пушта на кичевчанка и оваа му вика
– Ја не зна да се бацва, не зна да се лапа'
– Клај го!