Холовиц
11/09/2019
Плавуши
959
Некој човек и се обратил на продавачката во продавница за риболовна опрема:
– Се извинувам дали силиконските мамки се добри?
– Молам! На мене сè е природно!
Холовиц
11/09/2019
Виц на денот, Личности
6,204
Трпе отишол на лов и по една недела се јавува дома:
– Жено тука се е добро, како е дома?
– Дома е се во ред, што се случува?
– Нема да јадеме месо цел месец!
– Ауу, зарем улови некој елен?
– Не ја испив цела плата.
Холовиц
11/09/2019
Личности
918
Сессат Цветко и Трпе во некој бар, Трпе зима пијачка и му вика на Цветко:
– Оваа е последна за мене. Ако продолжам да пијам сабајлето ќе бидам утепан. И кај тебе е исто?
– Не, јас сум ерген!
Кико
10/09/2019
Личности
2,563
Малиот Трпе ја прашува мајка си
– Мамо, кога ме правевте што сакаше да бидам машко или женско?
Мајката одговара:
-Сине, јас сакав само да гледам филм !
Енена
10/09/2019
Виц на денот, Разно
7,965
Дечко трча по градски автобус и едвај во последен момент се качува.
Една млада и весела госпоѓа му вели:
– Знаете ли дека по автобус и по жена не се трча?
Дечкото (задишано):
– Се трча, се трча, додека се качиш…
Холовиц
06/09/2019
Виц на денот, Личности
1,237
Трпе и Цветко пијат долго во некој бар. По некое време Цветко се превртува од столчето, паѓа на земја и заспива.
Барменот и Трпе се гледаат и Трпе му вика на барменот:
– Епа едно може да му признаам, знае кога да сопре.
Холовиц
06/09/2019
Политички
4,502
Некои дивјаци фатиле МАКЕДОНЕЦ и го фрлиле в казан за да го варат супа. Го прашале дали има последна желба. МАкедонецот им рекол дека нема посебна желба само неколклу прашања:
– Имате вие МВР и МНР овде?
– Немаме!
– Имате ПИОМ, ФИОМ, ФЗО и такви работи?
– Немаме!
– Имате ДДВ?
– Немаме!
– Имате трудова, финансиска инспекција?
– Немаме!
– Имате 100 Министерства, 20 министри без ресори, поделба на населението, расна нетрпеливост, локални самоуправи?
– Немаме!
– Имате ВМРО и СДСМ?
– Немаме!
– Па од шо здивевте толку, пи*ка ви материна!
Холовиц
05/09/2019
Разно
4,929
Доцна навечер ѕвони телефонот во итна служба на поликлиника:
– Ало, ни треба помош под итно! Еден наш другар го голтна отварачот за вино!
– Во ред господине ќе пратиме брза помош веднаш.
По неколку минути ѕвони телефонот пак:
– Ало докторе?! Се извинуваме ама не мора да доаѓате, најдовме друг отварач.
Енена
05/09/2019
Виц на денот, Личности
1,052
Отишол Трпе на рентген и радиологот го прашува:
– Што треба да снимате?
– Па јас би музички спот за да станам славeн, али докторот инсистира да ја снимам главата!
vicotekamk
04/09/2019
Виц на денот, Плавуши
6,822
Две плавуши разговараат:
– Си имала секс во вода?
– Да!
– Каде!?
– Во Кисела вода, бившиот живееше таму.
Енена
04/09/2019
Разно
10,977
Во Суд. Брза постапка против проститутка.
Судијата:
– Име?
– Трпана
– Презиме?
– Трповска
– Возраст?
– 25
– Адреса?
– Цветко, не се прави луд!
Холовиц
03/09/2019
Личности
2,973
Цветко секој ден седел во кафана и нарачувал по три ракии.
Една вечер келнерката го прашала:
– Господине, дали е ова ритуал?
– Не! Бевме тројца добри пријатели од војска, и се заколнавме кој ќе седне да пие, да пие и за другите двајца!
Продолжилпо се нормално и една вечер келнерката повторно му носи три ракија, а Цветко и вика:
– Врати една ракија!
– Зошто? Да не починал некој од пријателите?!
– Не! Јас престанав да пијам!
Холовиц
03/09/2019
Личности
723
Судијата го прашува Цветко:
– Добро, зошто го фрливте комшијата од балкон?!
А Цветко искрено одговара:
– Господин судија, не го фрлив комшијата… го фрлив гардероберот кога почна да мрда.
Холовиц
02/09/2019
Вицови, Разно
1,562
Некој Дедо оди во банка да си ја подигне цела пензија за месецот.
Банкарот:
– Дедо чувај си ги парите во банка, во наши раце парите растат.
Дедото:
– Синко во туѓи раце само овај долу расте!