Дома / Вицови (страна 394)

Вицови

Шишиња

Биле си две шишиња. Едното се скршило а другото пукнало од смеење.

Во воздух

Си биле Мујо и Хасо. Мујо го дига тенкот во воздух заедно со Хасо и командирот ги прашува: Зошто го дигате тенкот на раце јас ви реков да го дигнете во воздух со граната а не со раце.

Часовник

Еден човек си купил нов часовник и отишол на базен да се бања. Но бидејќи часовникот не бил водоотпорен, го оставил на страна и напишал: Не Кради…. P.S. Првак во карате.
Кога излегол од базенот, часовникот го немало, а на ливчето пишувало: P.S. Првак во трчање.

Двајца мажи

Двајца мажи пијани седат во кафана и зазорува:
Првиот вели: Што ќе и кажам на жена ми, каде сум бил?
Вториот вели: За тебе не знам, ама јас ќе кажам на жена ми само добро утро, а таа ќе каже натаму се што треба.

Пијани мажи

Четворица пијани мажи оделе на железничка станица. Се качил првиот, вториот и третиот и четвртиот останал и се смеел. Еден човек го здогледал и го прашал зошто се смее?
Овој му одговорил: Јас требаше да се качам на возот, а тие тројца дојдоа да ме испратат.

Кастрирање

Отишле Македонец, Германец и Американец на пуст остров и наишле на домородци. Ги прашале дали сакаат живот без кур или да ги изедат. Германецот отишол и брзо му го пресекле, отишол Американецот, но се задржал малку, отишол Македонецот и ги прашал зошто Германецот брзо му го пресекле а на Американецот поспоро, тие рекле дека го сечат по професијата германецот бил хирург со скалпел побрзо, а Американецот бил дрвар и со секирата поспоро а македонецот рекол јас сум сладоледџија сега ќе ми го лижете додека не ми падне.

Адамова облека

Снаава се шетала дома гола и свекрвава ја гледа и и вика: Што се шеташ ма гола? а снаава: Па то е нова мода ова е адамова облека. Вечерта и свекрвава се соблекла гола и дедово ја гледа и и вика: Мори бабо шо си ваква гола? свекрвава: Јас не сум гола тоа е адамова облека, дедово: Барем испеглај ја!

Роденден

Го прашуваат малиот Трпе што сака за роденден.
– Сакам, сакам, слон!
Де бре Трпе, слон, со што ќе го храниш?
– Да бе, вие мене ќе ме лажете во зоолошка пишуваше
"не ги хранете животните"!

Никој и ништо

Психијатар му вели на пациентот:
– Веќе сте целосно здрав. Можете слободно да си одите дома.
– Колку жално. Цела година бев Арнолд Шварценегер, а сега сум никој и ништо.

Извештај

Одат двајца полицајли сабајле у патрола и наоѓаат мртов човек пред соборниот храм.
Едниот одма вади пенкало и прави записник и вика.
– Денеска на ден 24.05 најдовме мртов човек пред….
и се врти на колегата и го прашува, колега како да пишам црква или соборен храм.
– Еј, незнам, ај фати да го пребациме пред колонијалов, тоа знам како се пишува!