Дома / Вицови (страна 399)

Вицови

Добра и лоша вест.

Еден ден, Трпе се буди и гледа дека ја нема Трпана. Излегува надвор и гледа во снегот како со жолта течност пишува: „Трпе е кретен“. И така Трпе проучувал и дошол до заклучок дека има добра и лоша вест.
– Коле мочал, а Трпана пишувала.

Колачиња

Дедо Трпе бил пред умирање и му вика на внукот.
– Ај оди земи од оние моите омилени колачиња што ги прави мајка ти, и донеси ми.
Се враќа внук му:
– Ма не дава, вика дека и се за утре, за на погреб!

Куче

Што вика куче кога ќе види накитено дрво?
– Конечнo ми ставија светло во вецето!

Шишиња

Си биле две шишиња и оделе по улица. Едното паднало и се скршило , а другото пукнало од смеа.

Риба

Мамо, мамо, на Трпе татко му, му купил риба! Ќе ми купиш и мене?
– Не бе синко, што ќе ти е! Ти имаш рак!

Свршичу

Цветко легнал некоја Србинка и на сред секс оваа почнала да вика:
– „Свршичууу, свршичууу!“
Цветко и мавнал два шамари и вика:
– „Кој ти е ма тој Свршич?“

Импотенција

Разговараат две жени.
– Оној мојот е 100% импотентен.
– Биди среќна, оној мојот е 300% импотентен.
– Е како е можно 300%, да не си му жена на Амди.
– Не, бе, 100% е импотентен оти не му се дига, 100% зошто вчера си го шина средниот прст, и 100% зошто вчера си го гризна и јазикот.

Покер

Игра Цветко покер со пријателите во дневната соба, кога по некое време почнува да се дере по жена му.
– Женооо, ајде свари кафе, повторно те добив назад!

Тивката населба

Цветко решил да купи стан во Скопје, бендисал еден и прашува:
– Добро станчево е супер, а дали е тивка населбава?
– Како не, за една недела имавме 7 грабежи, 3 силувања и едно убиство, и никој ништо не слушнал!

Cowboy

Зошто каубоецот носи каиш?

– За да не му паднат пантолоните!