Еден маж беше обвинет за убиство со предумисла. Прашан од судија:
– Ова е крваво убиство. Како се браниш?
Обвинетиот:
– Таа беше толку глупава што морав да ја убијам.
Судија:
– Тоа не го сметам за олеснителна околност.
Обвинетиот:
– Па, добро, почитуван судијо… да ви кажам како беше. Живееме во зграда. Над нас живееше семејство со две деца. Беше навистина тажно, децата беа со многу низок раст. 12 годишниот син бил висок само 80 цм, а постариот син од 19 години, само 85 цм. Еден ден, во разговор со жена ми, и велам дека е навистина тажно и ги жалам.
– Да, рече жената…. ова се Пиринеите.
– Дали мислеше Пигмеј?
– Не, Пигмеите се она што ни е под кожата и ќе поцрниме.
– Тоа е пигмент.
– Не… Пигмент бил она на кое пишувале античките Грци.
– По ѓаволите, жено, тоа беше пергамент.
– Не, пергамент е кога некој чита или прикажува само еден дел од некое дело.
– Почитувани судии, веројатно претпоставувате дека веќе немав волја да и објаснам дека тоа е фрагмент. Седнав на кауч да читам весник. Наскоро дојде жена ми со книга во рака, легна до мене, ја отвори книгата и почна да чита дел од некој текст:
– Душо, види: Сончевата тераса на чантата беше учителка на макро 15.
Ја зедов книгата, ја погледнав и и реков:
– Почитувани, ова е книга на француски јазик и пишува: La Marquise de Pompadour est la Maitresse de Luuis XV, што значи дека Маркиза де Помпадур била вљубена во Луј XV.
– Не, рече таа – Ла Маркиза е сончева тераса, Помпадур е чанта, ла Маитресе е учител, а Луј XV има 15 години. Макро. Јас го знам ова премногу добро со сигурност. Немав за џабе дополнителни часови по француски и вежби со мојот легионар.
– Дали мислеше на лектор?
– Не, предавачот е грчки херој.
– Тоа беше Хектор и тој беше Тројанец.
– Не, Хектор е мерка за површината.
– Мерењето за површината е хектар.
– Не, хектар е божествен пијалок.
– Жено, нектарот е божествен пијалок.
– Не, тоа е река во Германија.
– Реката во јужна Германија се вика Некар.
– Не го знаеш ти тоа, јас уште од мала пеев со другарка ми во дуо за реката Нектар.
– Во дует, тоа сакаше да кажеш.
– Не, дует е кога играат Барса и Реал.
– Почитувани судии, тогаш го зедов чеканот и ја удрив по главата. Конечно ја затвори устата.
Судија:
– Обвинетиот е ослободен…. Јас ќе ја убиев уште кај Хектор…
Воздух
Богат дедо оди на доктор и вели:
– Докторе, имам сè, бизнис, пари, куќа, јахта, но жена ми не може да забремени.
– Колку години има таа?
– 25.
– А вие?
– 75 години.
– И вашата жена не може да забремени?
– Да!
– Тогаш отидете со јахтата со својата жена, земете си и млад асистент со вас, за да не ви трпи бизнисот, и направете едно долго патување. Морскиот воздух чуда прави.
Два месеци подоцна, дедото повторно доаѓа кај докторот, става шише виски на масата и вели:
– Повелете докторе, за вас. Ви благодарам за прекрасниот докторски совет што ми го дадовте. Жена ми е бремена.
– А помладиот асистент? – прашува докторот.
– Знаете докторе… И таа е бремена. Морскиот воздух навистина чуда прави!
Банкомат
Мачка
Дожд
Стандардна ситуација:
-Сопругот се прибира изненадно од службено патување, љубовникот скока гол од прозорецот на првиот кат. Надвор врне, но тој со трчање оди во блискиот парк. Таму сретнува друг маж кој џогира. Човекот го прашува со љубопитност:
– Секогаш ли трчате гол за здравје?
– Да! – одговара љубовникот.
– А дали секогаш си ставате и кондом?
– Само кога врне…
Ракија
Мажење
Чизми
Во уста
Банкомат
КАКО ЖЕНА ВАДИ ПАРИ ОД БАНКОМАТ:
1. Паркира.
2. Си ја проверува шминката.
3. Го исклучува моторот.
4. Си ја проверува шминката.
5. Оди до банкоматот.
6. Ја бара картичката во чантата.
7. Ја наоѓа и ја става во банкоматот.
8. Стиска на „ОТКАЖИ“
9. Бара во чантата ливче со ПИН-кодот напишан на него.
10. Ја става картичката во банкоматот.
11. Го внесува ПИН-кодот.
12. Ги зема парите.
13. Влегува во колата.
14. Си ја проверува шминката.
15. Ја пали колата.
16. Ја гаси колата.
17. Трча назад до банкоматот.
18. Ја зема својата картичка.
19. Се враќа назад во колата.
20. Си ја проверува шминката.
21. Ја пали колата.
22. Си ја проверува шминката.
23. Вози околу километар и половина.
24. Ја спушта рачната…
Маркетинг
На една забава гледаш прекрасна девојка, одиш на кај неа и и’ викаш:
“Многу сум добар во кревет”.
Тоа е директен маркетинг.
На истата забава после некое време твојата пријателка оди кај неа и и’ вика:
“Многу е добар во кревет”.
Тоа е реклама.
Го наоѓаш нејзиниот број и и’ праќаш порака “Здраво, многу сум добар во кревет”.
Тоа е телемаркетинг.
Истата девојка ти приоѓа на друга забава и ти вика:
“Слушнав дека си бил многу добар во кревет”.
Tоа е препознавање на брендот…