Дома / Вицови (страна 40)

Вицови

Искачање

Трпана му се жали на Трпе:
– Барем еднаш да ме однесеше на вечера!
– Извини, ама ја не искачам со мажени жени.
– Ама јас сум твоја жена!
– Не, не. Не правам исклучоци.

Када

Трпе се дере од кадата:
– Трпано доаѓај брзо, ми се крена!
Трпана влага и му вика:
– Море не ти се кринал, ти испливал…

Живот

Разговараат двајца другари во време на комунизмот:
– Што мислиш има ли живот надвор од Бугарија?
– Не знам! Сеуште никој не се вратил да каже.

Трофазна

Еден млад електричар му објаснува на пријател:
– Морам да најдам трофазна жена!
– Што значи тоа?
– Епа, да биде домаќинка во кујна, убавица на гости и курва во кревет!
После неколку години се среќаваат повторно:
– Ја најде ли трофазната жена?
– Јо најдов! Ама, има мал проблем.
– Каков?
– Па, фазите се имешани. Во кујна е убавица, во кревет е домаќинка, а на гости е курва!

Осамена

Трпана се жали на другарките:
– Еее, девојки, да знаете колку сум осамена и колку долго не сум имала секс…
– Не лажи! имаш маж, а и сите знаат дека имаш и љубовник.
– Точно. Имам и маж и љубовник ама и двајцата се потпираат еден на друг!

Улица

– Со што се занимаваш? – прашува плавушата.
– Јас сум уличен продавач.
– Ау, колку интересно! И колку чини една улица?

Волк

Разговараат малиот Цветко и малиот Трпе:
– Сакаш да ја натерам баба ми да завива како волк?
– Ајде бе!
– Бабо, бабо кога последен пат си имала секс?!
– Ау, ау, аууууу!

Интервју

На интервју за работа:
– Колкава плата очекувате?
– Паа, околу 1000 евра.
– Ќе ви дадеме 3000 евра плата, серетарка, службен автомобил и возач.
– Вие се заебавате?!
– Па вие први почнавте!

Повик

Директорот ѕвони кај секретарката:
– Трпано, некој идиот да не се има јавено сабајлево?
– Не директоре, вие сте првиот.

Дијагноза

Отишла Трпана на доктор и го прашува?
– Докторе кажете ми што ми е ова под левата града?
– Аман Трпано, до кога да ти кажувам тоа ти е коленото!

Зоолошка

Трпе го носи син му вo зoолoшка. Малиот Трпе љубопитно го прашува татко си:
– Taтo,тато. Зoшто Majмунoв нe глeда тoлку лошo?!
– Потивко синe, уштe cмe на билетарата….

Боси

Отворија Кумановац кафану и да привлече гости закачија рекламу:
– “ВЕЧЕР ЗА ГОСТИ ЌЕ ИГРАВ ГОЛИ ЖЕНСКИ”
Проваѓа полицијац па га опоменује:
– Газда, не може овакој, дај напиши нешто помалко вулгарно.
Рипне газда па напише нову рекламу:
– “ВЕЧЕР ЗА ГОСТИ ЌЕ ИГРАВ ЖЕНСКИ БОСИ ДО ГУШУ”

Сличности

Имав еден колега Кинез, кој се викаше Ли. Еден ден додека пиевме кафе кај нив го прашав:
– Ли, те нервира ли кога велат дека сите Кинези си личат еден на друг?
А тој одговори:
– Ли отиде по пиво, јас сум жена му…