Дома / Вицови (страна 403)

Вицови

Гатање

Отишол Трпе на гатач и го замолил да види нешто за неговата фамилија. Гатачот му вика, имате жена Трпана и со нејзе имате 2 деца. "3 деца мислите" рекол Трпе. "Не, не, тоа Вие мислите"

Бунарот

Свештеникот се договорил со жените кога сакаат да се исповедаат за своите активности вон бракот да му кажат дека се лизнале кај бунарот. После некое време дошол нов свештеник кој не бил запознаен со тој код. Загрижен за тоа колку многу жени паѓале кај бунарот, од страв некоја жена да не се повреди одтишол кај градоначалникот да му каже за проблемот. Градоначалникот запознаен со кодот му рекол да не се секира многу многу. Свештеникот на тоа му одговорил дека треба да биде загрижен, неговата жена дека 5 пати се лизнала.

Кивавица

Кога јас ќе почнам да завивам цела шума е во страв – кажува волкот.

– Кога јас ќе рикнам сите бегааат – кажува лавот.

– Кога јас ќе се закивам цел свет е во страв, кажува малецкото пиленце

На овој или на сите?

Шефот прима плавуша за чистачка и веднаш и дава задача:
– Измијте го подот во лифтот!!!!
Плавушата:
– А шефе, само на овој спрат или на сите?

Податоци

Го притвориле Трпе во станица и му побарале податоци:
Име?
– Трпе
Презиме?
– Трпановски
Роден?
– Да!

И јас сега стигнав

Паднал Мујо од 11 спрат и се собрала голема гужва за да видат што му се случило. Доаѓа Хасо во тој момент и го гледа Мујо како станува и ја брише прашината од себе.
Хасо го прашува…."а бе, што се случило? Зошто толку народ се собрало?"
Мујо…"од кај да знам…..и јас сега стигнав!!!

Писмо

Здраво љубави

Еве јас ти пишувам,немој да по-
мислиш дека сум те заборавила.Сакам да по-
кажеш и ти интерес за мене.Овде сек-
ој ден е прекрасен.Средба,со братучетка ти
Сањето ми е секојдневна работа.Со сестра ти се ра-
скомотивме и долго разговаравме.Понекогаш ра-
ботиме заедно.Пари има!Пи-
јачката тука е скапа.Одиме на излет кај реки-
чката која како што ја знаеш ти не е веќе истата.Сега гра-
нките се зелени.Овде луѓето се поголеми а особено мла-
дите ми изгледаат покрупни.Ку-
повната моќност е подобра.Нема купувач за мото-
рот твој,тешко да го дадеш,тука се бараат помоќни

П.С.Мили,за да не направиш збрка,читај преку еден ред
Твоја Сашка

Пожар

Некој човек требало да има секс со некоја стварно "голема" жена. Само што се качил на неа, ја прашува:
– Може да ја изгасам сијалицата?
– Што е бе, да не си срамежлив?
– Не, ми го гори газот.

Сем и Енох

Сем работел во една компјутерска компанија 25 години и на крај решил дека му е здосадено од сето тоа, дал отказ на работа и купил земја на село. Единствените луѓе кои ги гледал биле оние кои ги среќавал кога одел еднаш месечно да купува продукти.
По 6 месеци еден селанец дошол кај него и му рекол:
– Се викам Енох. Јас сум ти комшија. Во недела ќе правам забава, па мислев дека ќе сакаш да дојдеш.
– Одлично – му рекол Сем.
– По 6 месеци изолација би сакал да се дружам. Благодарам на поканата.
– Ама, ќе има и многу пиење.
– Супер – рекол Сем.
– Одамна не сум пиел.
-Ама, ќе има и тепачки.
"Цврсти луѓе се овие" – помислил Сем и рекол:
– Нема проблем, ќе се снајдам и со тоа.
– И, да не заборавам, ќе има и многу секс.
– Супер, по 6 осамени месеци тоа многу добро ќе ми дојде. А, што да облечам?
– Што сакаш. И онака на забавата ќе бидеме само ние двајца.

Капиталист, Влада, Народот…

Оди едно дете кај татко си и го прашува што е тоа политика. Татко му вели:
– Па, сине, ќе ти го објаснам тоа симболички, а ти потоа размислувај… Јас сум глава на семејството, значи јас сум "Капиталист", мајка ти ја средува куќата, значи таа е администратор, односно "Влада". Ние се грижиме за тебе и брат ти – значи вие сте "Народот". Гувернантата работи напорно за малку пари, значи таа е "Работничка класа", а твоето помало братче е "Иднината".
Истата ноќ детето го слуша малото братче како плаче, оди кај него и гледа дека треба да му се смени пелената. Потоа оди во собата на родителите да им каже. Таму ја наоѓа само мајка си како спие, па не сака да ја разбуди и затоа решава да оди кај гувернантата. Ѕирка низ клучалката, гледа дека татко му е во кревет со неа и пак си се враќа во кревет.
Утредента му вели на таткото:
– Тато, мислам дека сфатив што е тоа политика.
– Одпично синко. Кажи ми со свои зборови како ја сфаќаш.
– Па, додека Капитализмот ја ебеше Работничката класа, Владата спиеше, Народот беше игнориран, а Иднината беше до грло во гомна.