Дома / Вицови (страна 411)

Вицови

Кој е крив?

Калуќерка се жали на докторот дека и се повраќа и дека има мачнина во стомакот. Докторот и зема крв и и кажува дека е трудна. Калуѓерката не можела да поверува, но докторт ја убедил некако. Кога се вратила во црквата се развикала:
– КОЈ ДРКА ПО СВЕЌИТЕ?

Нови болести

Го прашува комшијата на Цветко:
Абре брат што ќе правиме, се некој нови болести излегуваат, те сида, еве сега и птичји грип…
Цветко: Јас не се замарам со тоа, ниту ебам, ниту летам.

Зимска опрема

Заставува полицаец возач и му вели:
– Што имате господине од зимска опрема?
Возачот:
– Моментално само долги волнени гаќи!

Пиење

Цветко зошто сркаш ракија од лажицата?
– Се заколнав пред колегите дека нема да пијам повеќе!

Поговорка

Не е се во парите…. тука се кредитни картички, граѓански чекови, акции, а исто така и злато, дијаманти …

Што си ти?

Оди зајак еден ден низ шума и сретнува волчјак, па го прашува:
– Што си ти?
– Јас сум волчјак. Мајка ми е кучка, татко ми е волк.
Продолжува понатаму зајакот и сретнува мазга. Ја прашува:
– Што си пак ти?
– Јас сум мазга. Мајка ми е магарица, а татко ми коњ.
Оди зајакот понатаму, па сретнува коњска мува. Ја прашува:
– А ти, што си?
– Јас сум коњска мува….
– Абе, ај не заебавај!?

Подгревање

Го земал Цветко детето и го држи над лонец со врела вода, и чита:
– "Ако детето не ви го пие млекото, подгрејте го".

Чешел

Оди Трпе по улица и среќава пријател, па го прашува:
– Каде бе пријателе?
– Еве одам во продавница. Ми се скрши забец од чешелот, па одам да си купам нов.
– Море комшија, па не мора да купуваш нов чешел само заради еден забец.
– Е морам, тој беше последниот.

Не е лошо

Гледаат зајак и зајачица магионичар во циркус како вади зајчиња од шапката. Прво едно, па друго, па трето….. Се врти зајакот кон зајачицата и вика:
– Не е лошо, ама мене повеќе ми се свиѓа како ние тоа го правиме.

А сега маче?

Плавуша шета во парк. Налетува на некој манијак гол во мантил. Манијаков се врти лево-десно, гледа дека нема никој, го раскопчува мантилот, и и вика:
– А сега, маче?
– Јас сакам да ги поздравам мама, тато, бато …