Дома / Вицови (страна 412)

Вицови

Нема никој

И се јавил дечкото на девојката и и рекол:
– Дојди кај мене, нема никој.
Девојката се истуширала, се дотерала, отишла кај него и … немало никој.

Играчка

Учителката му вели на Игорче:
– Игорче, ајде кажи ми една реченица со "играчка".
– Многу сакам тато и мама кога ќе ми купат киндер јајце.
– Ама каде е овде играчката, Игорче?
– Па во киндер јајцето.

Баба

Некоја баба во автобус му вели на момче што седело:
– Дете, ај стани јас да седнам. нозете ме болат, а ти си млад ќе постоиш.
Момчето пак ја прашува бабата:
– А ти бабо, како мала си станувала на постари?
Бабата гордо:
– Да, секогаш.
Детето:
– Е, затоа сега ќе те болат нозете.

Навистина глупи

Си вил еден полицаец и отишол кај еден шнајдер и шнајдерот му вика:
– Абе дали знаеш дека вие полицајците сте стварно толку глупи како што велат?
Полицаецот: Е зошто бе?
Шнајдерот: Е како зошто, па на мој татко син што ми се паѓа?
Полицаецот: Хмм… па незнам! Е што ти се паѓа?
Шнајдерот: Па брат ми се паѓа, како што!
По некое време полицаецот оди кај командирот и му вика:
– Абе командире дали знаеш дека навистина сме толку глупи како што зборуваат?
Командирот: Како бе така зборуваш и кажи ми зошто мислиш така?
Полицаецот: Епа на мој татко син што се паѓа?
Командирот: Уфф… е што ти се паѓа де?
Полицаецот: Е како што, па на шнајдер брат!!!

Семафор

Еден возач си возел по улицата и кога стигнал на раскрсницата ја преминал на црвено светло. Но од другата страна полициска контрола стои и на возачот му вика да застане заради сторената грешка.
– Господине зошто не застанувате на црвено светло, зарем не го видовте?
– Ама господине полицаец, јас него го видо дека е црвено, ама вас не ве видов…

Калугерки

Се шетале некои две калугерки во шума, ама ги фатило темница…
Враќајќи се накај манастирот ги пресретнале двајца мањаци и почнале да ги силуваат. Додека ги силувале едната рекла:
– Прости му господе, незнае што прави!
А другата дофрлила:
– Мојов знае!

Двоење

Што му вика плавуша на своето дете?
– Сум двоела од уста за ти да се создадеш!

Што е подалеку

Се шетале две плавуши и едната и вика на другата:
– Што мислиш, што е подалеку, Лондон или месечината?
– helloooo, Лондон можеш да го видиш од тука?
– Не!
– Епа…

Идеална секретарка

Разговараат двајца директори и едниот го прашува другиот:
– Како ја замислувате идеалната секретарка?
-Да е стара 20 години и да има 30 години работно искуство – рекол вториот!

Желки

Се среќаваат две желки.Едната и вели на другата:
-Зошто денес не си со оклопот?
-Избегав од дома.