Дома / Вицови (страна 425)

Вицови

4 или 6?

Плавуша купува пица. Продавачот ја прашува:
– Да ја исечам на 4 или на 6 парчиња?
– На четири, шест не можам да изедам.

Махер за додворување

Жената му вели на мажот;
-Дали се убави моите очи?
-Да!
-Дали ти се допаѓа мојата коса?
-Да!
-Личат ли моите заби на бисери?
-Да!
-А, дали имам убави нозе?
-Да!
-Ох, мили,! Како умееш да се додворуваш!

На школо

Прв училишен ден после распустот и учителката ги прашува децата да кажат по една случка од одморот. Дошол на ред малиот Трпе.
– И така одам јас низ паркчето и начекувам едни како се дупат на клупа…
– Не така Трпе, ќе кажеш имаат сексуален однос!
– И одам така и гледам како двајцава седат на клупа и имаат сексуален однос, се прикрадувам поблиску за да видам подобро и кога тоа стварно се дупеле!

Сопнување

Петел збркал некоја кокошка. Таа успат си размислува:
– Ако застанам ќе мисли дека сум курва, ако избегам нема да ме ебе. Епа ај ќе се сопнам!

Сида

Малиот Трпе го прашува дедо му:
– Дедо имаш сида?
– Не, внучко, немам, уште не сум земал пензија!

Прашалник

Ако вашето куче лае на задната врата, а жена ви вика на предната, кого ќе го пуштите внатре?
– Кучето, се разбира… тоа барем ќе престане кога ќе влезе внатре.

Муабет

Разговараат две кокошки:
– Сигурно имам температура.
– Од каде знаеш?
– Па, снесувам само варени јајца.

Торта или помија

Го прашуваат Цветко:
– Што сакаш ти Цветко повеќе, жена лепотица, која се швалерисува или грда, ама верна жена.
– Лепотица нормално.
– Зошто бе Цветко?
– Па подобро да делам торта со сите, него сам да јадам помија.

Буре со мала славина

Го зафркаваат Цветкота:
– Штом си толку дебел, онаа работа доле мора да ти е мала.
Цветко одговара:
– А кај сте виделе вие големо буре со мала славина.

Каубоец во салун

Оди каубоец во салун. Пред салунот гледа еден врзан коњ и една тегла полна со пари. Го прашува газдата зошто е теглата.
– Ако го насмееш коњот, ќе ги земеш парите, ако не, треба внатре да ставиш 5 долари.
Каубоецот му шепнал нешто на коњов, овој се згазил од смеење, и каубоецот си ги земал парите.
Утре дента доаѓа пак. Газдата на коњот сега му вика:
– Е, ај сега натерај го да плаче, и ќе ти ја дадам и оваа тегла со пари.
Каубоецов му се доближил на коњот, му шепнал нешто, а овој се утепал од плачење.
– Е добро бе, што му кажуваш на коњов што те слуша толку?
– Па првиот пат му кажав дека ми е поголем од неговиот, и он се изнасмеа, а вториот пат му го покажав, па се изнаплака!

Соопштение

Пилотот на патниците:
– Кога ќе излегувате од авионот, ве молиме земете си се што ви припаѓа. Ако нешто ви остане, тоа ќе биде подеднакво поделено помеѓу екипажот. Ве молиме не оставајте деца и сопружници.

19 плавуши

Како 19 плавуши ставаат сијалица во фасонка?
…една се качува на маса, седумнаесет ја вртат масата, а последната чува стража да не дојде струја!!

Изненадување

Влегува дама во продавницата:
-Би сакала џемперче за своето куче . . .
-Кој број?
-Е тоа не знам . . .
-Зошто тогаш не го донесете да проба?
-А, тоа никако! Сакам да му приредам изненадување!

Бурма

Мажот се враќа од службен пат и и вели на жената:
-Замисли ја загубив венчалната бурма.
-Како можеше да ја загубиш?
-Како? Зарем не ти кажав сто пати да ми го сошиеш џебот?