Vicoteka.mk
22/02/2007
Еротски
5,914
Се јавува работникот на работа.
– Шефе, а бе денес не ми е добро, нешто глава ме боли па нема да дојдам на работа.
– Слушај вака, кога мене ме боли глава, рипам на жената, за саат време сум ко нов, и си доаѓам на работа така свеж.
Ете ти го работников после саат време се појавува на работа.
Шефот:
– А, кажи како функционира?
– Да бе шефе, алал да и е на жена ти!
Vicoteka.mk
22/02/2007
Разно
2,493
Влегува егеец во кафана и вика -Кој го спаси син ми од давење, кој го извади од реката??? И еден од гостите скромно дига рака и му вика -Јас го спасив син ти… -Кај му е капата бе, а!?
Vicoteka.mk
22/02/2007
Разно
1,596
Мало девојче во црква ја прашува мајка си:
– Мамо, зошто е невестата облечена во бело?
– Затоа што белата е боја на среќата, а денес е нејзиниот најсреќен ден!
По кратко време размислување девојчето пак ја прашало:
– Тогаш зошто младоженецот носи црно?
Vicoteka.mk
22/02/2007
Разно
633
Разговараат две сарми во желудникот, кога наишол еден коњак. По некое време ете ти и втор, па трет. Сармиве го прашале четвртиот што се случува.
– Еј да знаете каква журка е надвор, лудница, хаос!!!
– Еј супер ај одиме надвор – рекле сармите!
Vicoteka.mk
14/02/2007
Животни
629
Две јагниња водат филозовски муабет.
-Веруваш ти во живот после Ѓурѓовден?
Vicoteka.mk
14/02/2007
Си биле...
740
-Знаеш ли кои биле тројцата најголеми женкари во историјата?
-Па Дон Жуан, Казанова. . .
-Не,првиот е Наполеон, бидејќи 3 години живеел на Света Елена. Вториот Леонардо да Винчи бидејќи повеќе од 3 години работел на Мона Лиза. А третиот е Ото фон Бизмак после кого цела Европа останала трудна.
Vicoteka.mk
14/02/2007
Еротски
1,077
Жената одненадеж се враќа дома и ја затекнува домашната помошничкa седната во скутот на мажот и.
Аууу – мажу! – извикува сопругата. Па нема ни половина час како ти ги испеглав панталоните!
Vicoteka.mk
11/02/2007
Си биле...
15,833
Си биле Србин и Хрват. Србинот го прашал Хрватот:
– Znas li kako kod nas zovu Oralni Sex?
А овој му одговорилl:
– Не, како?
И Србинот му одговорил:
– Zini da ti kazem.
Vicoteka.mk
07/02/2007
Разно
1,034
-Срам те било! – вика жената. Соседите зборуваат дека синоќа си бил мртов пијан и дека на улица си го гушкал дрвото!
-Па добро жено, не си сигурно љубоморна на дрвото.
Vicoteka.mk
07/02/2007
Личности
2,933
Си имал Мујо пит бул, а Хасо волчјак. Се здавиле кучињата и пит булот го изел волчјакот. Отишол Хасо и купил дога. Пак се степале кучињата и пак пит булот победил. Хасо отишол по третпат и купил шарпланинец, но пит булот и него го победил. Ептен налутен Хасо отишол по ново куче и после два дена се вратил со пекинезер. Мујо се згазил од смеење кога го видел пекинезерот. Отишле кучињата позади една грмушка да се тепаат. После некое време се вратил пекинезерот носејќи ја главата на пит булот. Мојо кога видел што се случило почнал да плаче:
– Знаеш ли бе ти колку пари јас платив за тој пит бул?
– А ти знаеш ли јас колку платив пластична операција за ова крокодолов да ми го направат пекинезер?
Vicoteka.mk
01/02/2007
Личности
2,398
Трпе бил мераклија по рум, и отишол на доктор бидејќи се го болело.
Докторот го прегледува и:
– Трпе, под итно мораш да престанеш со пиењето на рум.
– Леле докторе сум пробал сто пати ама многу тешко ми оди.
– Мораш Трпе, немој да мислиш на рум, немој ни да го спомнуваш, и ќе успееш.
Отишол Трпе во кафеана и нарачува, чајче, а келнерот:
– Сакате со рум или без рум.
– Може …. без чај!
Vicoteka.mk
01/02/2007
Плавуши
1,241
Зошто не постојат вицови за црнки?
– Затоа што плавушите не можат да ги смислат.
Vicoteka.mk
01/02/2007
Полицајски
592
Полицаец на работа на стадион, за време на утакмица се туфка ли туфка, па на крај изнервиран станува и вика:
– Па добро бе мајку му стара, не може ли да ќутите и да навивате!!!
Vicoteka.mk
01/02/2007
Плавуши
854
– Може ли плавуша да не забремени ако користи аналгин?
– Може, ако го држи меѓу нозе и пази да не и падне.