Дома / Вицови (страна 43)

Вицови

Две порции

Во кујната од една психијатриска болница се дели ручекот:
– Јас сум Никола Карев, дајте ми една порција!
– Јас сум Гоце Делчев, дајте ми една порција!
– Мене дајте ми две!
– Зошто тебе две? – зачудено прашала готвачката.
– Јас сум Кирил и Методиј!

Разлика

Во продавница за долна облека.
Цветко ја прашува продавачката:
– Дали имате машки боксерици?
– Во моментов немаме господине, но можам да ви понудам женски боксери. Речиси немаат разлика.
– А дали сакате да ја извадам разликата и да те удрам со неа по на чело?!

Пијан

Трпана му се дере на Трпе:
– Трпе! Пак си пиел!
– Не бе Трпано, ја да пијам…
– Ај заколни се дека не си пиел!
– Да те удри гром ако сум пиел!

Папагал

Цветко му се жали на Трпе:
– Туу, да ти се невиди. Си купив папагал, се погоди женски.
– Како го позна бе?
– Шо не ќе го познам, јас го зедов за да повторува по мене, а тој се расправа со мене!

Сајбер безбедност

Хакер влегува во компанија:
– Здраво, аплицирам за работното место “специјалист за сајбер обезбедување”.
– Вашето CV?
– Го оставив на вашиот desktop!

Слободна птица

Трпе со доаѓа во 4 сабајле и на врата го чека Трпана:
– Кај си бе ти досега! Знаеш ли колку е саатот! На што личи ова?!
– Ќути Трпано да не ти ја акнам една. Јас сум слободна птица и си доаѓам и идам кога сакам!
После една недела, Трпана излегла и се прибира сабајле во 7:00, а Трпе ја чека на врата:
– Мори Трпано, нормална си или не?! Луѓето на работа одат а ти сега се прибираш!
– Ееее Трпе, ти си слободна птица и си одиш кога сакаш. Ама јас не сум слободна птица, па си идам кога ќе ме пуштат.

Спиено

Две плавуши си разговараат на плажа:
– Ти случајно да не имаш спиено со мојот маж?
– Шо ти е на тебе! Нормално дека немам.
– Не ти ни треба, твојот е подобар.

Долг

Му вртат на Цветко од Банка:
– Ало, овде Весна од Стопанска банка на телефон.
– Весна те молам не ми се јавувај, жена ми е љубоморна.
– Ама господине вие имате долг!
– Ако те слушни за ова, навистина ќе ми направиш многу проблеми.

Апетит

Докторка прашува пациентка при преглед:
– А со апетитот како сте?
– Некогаш имам, некогаш немам.
– А кога немате?
– Откако ќе се најадам…

Време

Седат двајца Грци покрај морето и пијат узо:
– Лошо време дојде Димитрис. Лошо Ќе мора многу да се работи.
– Ние ли?
– Не бе ние! Германците.

Афера

Државен службеник оди на суд поради афера. Жена му загрижена го прашува:
– Леле мажу, а ако те осудат и да треба да лежиш?
– Јас колку можам да лежам, тие толку не можат да ми дадат!

Компензација

ЕВН праќа опомена пред тужба на адреса на јавна куќа!
По два дена добива повратно:
– Може компензација!