Дома / Вицови (страна 435)

Вицови

Го држам

Моча некој дечко покрај ѕид…
Поминала некоја женска и кога го видела почнала да вика….
Дечкото: Не се плаши… го држам…

Лозинка

Оди русокоса во продавница каде што го купила компјутерот и прашува зошто компјутерот не сака да ја конектира на интернет.  Продавачот ја прашал:
– А, знаеш ли кој ти е парвордо?
– Знам, шест sвездички.

Костури

Си биле двајца костури и едниот му рекол на другиот:
– Кај си бе буцко!

Чек

Отворил Мујо тековна, па почнал да троши чекови на сите страни. После некое време го викаат во банка и му кажуваат:
– Господине Мујо, дали знаете дека сте во толкав минус што можете во затвор да одите?
– Леле, стварно??? И што да правам сега???
– Ќе треба да ги вратите сите пари назад.
– Уф бре, ме преплашивте. Еве, сега ќе ви пишам чек.

Кил Бил

Зошто Бил Клинтон веќе не е претседател на Америка?
– Само заради една анкета:
"Дали би спиеле со Бил Клинтон"?
– 82% одговориле – никогаш повеќе!

Во музеј

Се вработил Мујо во музеј и на крајот на првиот работен ден оди кај шефот:
– Шефе, ќе бидете многу задоволни од мене. Работам овде само еден ден, а веќе продадов два Пикаса и еден Рембрант.

Отишол зајко…

Една вечер зајакот влегува во кафеана кај мечката и и вика дај мецо, едно пиво, оти вечерва ќе јади некој ќотек. Тогаш мечката му рекла "Зајко, седи мирен, пиј го пивото и не прави проблеми". Така зајакот извесно време ја малтретирал мечката. Кога на мечката и дошол зајакот преку глава му рекла на зајакот, да излези надвор и многу го изнатепала, се вратила внатре во кафеаната, а по нејзе и зајакот. И тогаш зајакот на сите гости им рекол "Кога ви велев вие не верувате дека некој ќе јади ќотек вечерва".

Падобрани

Летале Србин, Словенец и Македонец со авион, кога наеднаш откажале моторите и почнал да паѓа авионот. Се вртат тројцава и гледаат само два падобрана. Словенецот вика:
– Слушајте луѓе, ние сме мала држава, плус најпаметни, јас мислам заслужувам еден падобран.
– У право си – вика Србинот, грабнува еден падобран, му го дава на Словенецот и овој скока.
– Шо прајме сега, ние сме двајца, а само еден падобран – прашува Македонецот.
А Србинот одговара:
– Не бери гајле, имаме два падобрана. На Словенецот му дадов празна торба, он е паметен, до доле ќе смисли нешто.

Женски муабети

Седат две жени на тераса и гледаат како доаѓа мажот на едната со цвеќе во раце. Едната вика:
– Ова значи дека цел викенд ќе бидам расчепатена со нозете во вис.
– А, не ти е полесно да ги ставиш во вазна?